Пилотот на Макларен во Формула 1, Фернандо Алонсо, нагласи дека изненадувачката победа на Даниел Рикардо на неделната Гран При трката во Кина, ќе ја искористи за сопствена мотивација.
Двајцата пилоти ги користат моторите на Рено а успехот на Австралиецот од Ред Бул значи дека и Макларен има потенцијал да го достигне нивото на топ-екипи. Ќе потсетиме дека победата во Кина е прва за францускиот производител во 2018 година.
Шпанецот по три трки во тековнава сезона има 22 бода и го зазема шестото место на табелата кај возачите.