Најдобрите скијачи кој настапуваат во Светскиот куп, немаа среќа на стартот на новата сезона. Обилните снежни врнежи и лавините од кои една го затрупа и тунелот на на глечерот Ретенбах, не дозволија да се реализира денешната веле-слаломска трка на патеката во Зенден.
Иако почетокот на трката беше одложен за еден час, ФИС на крајот објави дека нема услови да се реализира првата сезонска трка во Светскиот куп.
Тоа значи дека втора година по ред имаме идентична ситуација кога трката е одложена поради лоши временски услови.