Кошаркарот на Партизан, Пи Џеј Дозер, ги изрази своите впечатоци по важната победа против Басконија во Арената во Белград.
„Црно-белите“ со новите бодови направија голем чекор кон плеј-офот во Евро-лигата. Токму Американецот кој го постигна можеби решавачкиот кош на 18 секунди пред крајот на натпреварот , вели дека мечот го доби тимската игра.
„Мислам дека тоа беше само еден од многуте кошеви кои ни беа потребни. Ударите на Кевин Пантер не поттикнаа а Камински и Кабокло дадоа важни поени. Дефинитивно беше тимски напор и секој кош беше важен“ – изјави Дозер.