Даниел Кормиер може да биде принуден да стави крај на професионалната ММА кариера, поради пандемијата на „COVID-19“.
Вирусот го паузира светот и ги запре спортските настани на неодредено време. „UFC“ мораше да одложи три настани поради пандемијата. Иако другите големи спортски организации не им даваат многу надеж на фановите дека ќе организираат настани, Кормиер се уште се надева дека во текот на летото ќе има трет меч против Стипе Миочиќ.
„Мислам дека во секој случај зборуваме за летото или неговиот крај. Мислам дека сè треба да се врати во нормала до крајот на летото. Тоа ќе влијае на можноста за редовно тренирање во салата“ – рече Кормиер со напомена дека може да замине во пензија доколку пандемијата продолжи и во текот на есента.