Кевин Ли верува дека е вистинскиот шампион во лесна категорија во УФЦ иако засега Кабиб Нурмагомедов е тој што доминира во неговата категорија.
„Сакам да се борам постојано и се чувствувам како некрунисан шампион. Како и да е, морам да се справам со ликовите што ме предизвикуваат. Знам дека момците во Топ 5, па дури и Тони и Кабиб се плашат од мене”, рече Ли.
„Никој не ме победил на вистинскиот начин во лесна категорија. Јас изгубив неколку борби, но, никој не ме победи супериорно“ – изјави 27-годишниот борец кој во неговата кариера има 18 победи и 5 порази.