Женската одбојкарска репрезентација на САД е прв финалист на одбојкарскиот тунрир на ЛОИ во Токио. Во првото денешно полуфинале, Американките ја совладаа Србија со убедливи 3:0 (25:19, 25:15, 25:23).
Најдобра во победничкиот тим беше Андреа Друз со 17 поени, Џордан Ларсон освои 15.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Бразил и Јужна Кореја.