Поранешниот НБА кошаркар Гилберт Аренас очекува и во новата сезона да продолжи трендот на чести промени на шампионот. Тој смета дека Њујорк Никс нема да успеат да ја одбранат титулата освоена минатата сезона. Никс во 2026 година стигнаа до шампионскиот прстен за првпат по 53 години, совладувајќи го Сан Антонио во финалето со 4-1.
Аренас потсетува дека во последните осум сезони ниту еден тим не успеал да ја освои титулата две години по ред.Според него, причината е што конкурентите по секоја сезона дополнително ги засилуваат своите состави. Тој смета дека шампионот не може да се потпре само на стартната петорка и мора да внесе свежина и на клупата.
„Сан Антонио ќе биде подобар, а подобри ќе бидат и тимовите што ги поминаа на патот до титулата“, вели Аренас.
Никс така влегуваат во сезоната 2026/27 со предизвик да станат првиот тим по подолг период што ќе ја одбрани титулата.

