Боб Арон кој му е промотор на боксерот, Кубрат Пулев, ќе се обиде да го натера Ентони Џошуа да потпише договор со неговата компанија – „Топ Ранк”. Во моментов, Американецот има ексклузивен договор со „DAZN“ додека Боб работи со „ESPN“.
„Џошуа е многу изолиран поради сегашниот договор со „DAZN“. Тоа му пречи да договара големи мечеви. Никој во САД не е зачленет во „DAZN“. Мислам дека Џошуа е искористен. Тој треба да се разбуди. Кога ќе му заврши договорот, нека дојде кај нас” – вели Боб Арон.
87-годишниот промотор неодамна потпиша изненадувачки договор за соработка со Тајсон Фјури.