Кошаркарите на Атланта славеа со 103-96 и ја елиминираа Филаделфија, во „мајсторката“ од полуфиналето на Источната конференција. Атланта за првпат од сезоната 2014/15, обезбеди конференциско финале, каде за противник го очекува тимот на Милвоки.
Во решавачкиот натпревар, Кевин Хортер со 27 поени го предводеше тимот до победата, а одличен меч имаше и Треј Јанг, кој овојпат додаде 21 поен за победа на Атланта.
На Западот, Феникс Санс започна со победа во конференциското финале. На мечот против ЛА Клиперс, Санс славеа со 120:114. И без ѕвездата Крис Пол кој поради здравствени протоколи во врска со Ковид-19 не можеше да игра, Феникс победи предводен од Девин Букер кој постигна „трипл-дабл“ со 40 поени, 12 скока и 11 асистенции.