Author: dino

Возачот во Формула 1, Макс Верстапен, може да ја активира клаузулата и да го напушти тимот во текот на летото, вели советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко. Тој нагласи дека нема причина за загриженост по слабиот старт на сезоната и дека сите врвни возачи на Формула 1 имаат таква клаузула. „Потребни ни се подобрувања на болидот за Макс да ја освои петтата светска титула. Има уште многу време до летната пауза“ – потенцираше Хелмут.

Read More

Тренерот, Марко Розе, заработи отказ од екипата на РБ Лајпциг откако тимот по вчерашниот пораз од Борусија Менхенгладбах падна дури на 6-то место во Бундес-лигата. Отказот очекувано доаѓа по катастрофалната серија со само две победи во последните 11 натпревари. РБ Лајцпиг в среда го очекува гостување кај Штудгарт во полуфиналето од Купот на Германија. Засега нема потврда кој ќе ја преземе времено улогата на тренер. Лајпциг до крајот на сезоната го очекува и жестока битка за да обезбеди место во наредното издание во Лигата на шампионите.

Read More

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Хироки Ито, претрпе серизона повреда на вчерашниот меч со Сент Паули и ќе мора да отсуствува од фудбалските терени подолг период, потврдија денеска Баварците. Тоа е нов удар за тренерот, Винсент Компани, кој од претходно остана без услугите на одбранбените играчи, Алфонсо Дејвис и Упамекано. Според информациите, јапонскиот фудбалер ќе биде надвор од терените околу три месеци. Тоа го потврди и спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

Read More

Повеќе медиуми во Германија објавија дека легендата на Баерн Минхен, Томас Милер, нема да добие продолжување на договорот што значи дека ја игра последната сезона во дресот на Баварците. 35-годишниот фудбалер кој е рекордер во историјата на германскиот состав, бил информиран за одлуката на клубот за време на репрезентативната пауза. Милер целата кариера ја помина во Баерн. Тој е рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампионите, Бундес и Купот на Германија. Милер е трет стрелец во историјата на Баварците зад Герд Милер и Роберт Левандовски.

Read More

Фудбалерот, Килијан Мбапе, се изедначи со Кристијано Роналдо и Руд Ван Нистелрој по бројот на постигнати голови во дебитантската сезона во дресот на Реал Мадрид. Французинот на мечот со Леганес одигран доцна синоќа на „Сантијаго Бернабе“, реализираше во два наврата и стигна до 33 голови со што застана рамо до рамо со Португалецот и Холанѓанецот. Рекордер е Иван Заморано, кој има постигнато 37 гола. „Секогаш е добро да постигнете голови како што прави Кристијано. Знаеме што значи тој за Реал Мадрид и за мене“ – рече Мбапе кој во изминатото лето ги засили „кралевите“.

Read More

Домен Превц постави нов светски рекорд во ски-скоковите пред домашната публика на Планица, во Словенија. Тој постигна резултат од 254,5 метри со што го собори рекордот на Штефан Крафт кој пред осум години во Викерсунд стигна до далечина од 253,3 метри. Превц иако го реализираше најдолгиот скок на Планица, дојде само до освои второто мест зад неговиот сонародник, Анже Ланишек, кој по двата скока обезбеди најмногу поени.

Read More

Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, не успеа да дојде до победничкиот пехар на силниот турнир во Опатија. Тој денеска загуби во финалето од Хрватот, Лука Микрут со 2-0 во сетови. Првиот носител откако го доби воведниот сет со 6-3, во вториот по голема борба славеше со 7-6 во тај-брек. Ивановски откако се рехабилитираше по тешката повреда, за прв пат успеа да стигне до финале на ИТФ фјучерс турнир.

Read More

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане, веројатно во текот на летото ќе си замине од Алијанц Арена како слободен играч бидејќи не го продолжи договорот со Баварците, најавуваат дел од медиумите. Според објавеното, брзоногиот играч не е задоволен од понудените услови и сака да ја промени средината. 29-годишникот влегува во плановите на Арсенал. „Топчиите“ кои имаат големи проблеми во нападот, веројатно ќе сакаат да ја искористат целата ситуација и да го обезбедат потписот на германскиот репрезентативец.

Read More

Фудбалерот на Бетис, Џони Кардосо, во текот на летото ќа ја напушти Шпанија и ќе се пресели во англискиот елитен состав Тотенхем. Дефанзивецот кој може да игра и во средината на теренот, самиот се пофали на социјалните мрежи дека ќа ја промени средината. „Тоа ме тера да се чувствувам ценет затоа што добро работам. Сакам да растам како личност на теренот и надвор од него“ – рече американскиот интернационалец. Според објавеното, популарните „спарси“ ќе имаат само две недели да го комплетираат трансферот и да платат 21 милион фунти.

Read More

Ракометарите на Вардар на 2 април ќе го пречекаат составот на Алкалоид во дерби-меч во елитната конкуренција во нашава земја. Натпреварот ќе биде одигран во СЦ Јане Сандански од 19.00 часот и ќе има хуманитарен карактер. Имено, „црвено-црните“ објавија на социјалните мрежи дека целиот приход ќе биде дониран за настраданите во големата трагедијатво Кочани. Влезниците со популарни цени од 100 и 200 денари може да се купуваат од денеска.

Read More