Клубовите што беа иницијатори за промена на челната гарнитура во кошарската Федерацијата предводена од Перо Антоќ, денеска поднесоа иницијатива за Вонредно Собрание. На неа има 37 потписи што е апсолутно мнозинство. Истата ја поднел, Младен Ѓуроски, кој на наредниот собир на делегатите треба да биде единствениот кандидат да го преземе кормилото на нашата кошарка. Антиќ и актуелното раководство по поднесената иницијатива согласно статутот, имаат рок од 14 денови да закажат вонредно Собрание, во спротивно, клубовите може сами да го организираат.
Author: dino
Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Луис Енрике Лима, влегува на радарот на Интер. Според новинарот, Џанлука Ди Марцио, скаутите на миланскиот клуб имале одлични оценки за 23-годишниот крилен напаѓач. Главниот тренер на италијанците, Симоне Инзаги, сака да го ангажира Лима кој има трансферна вредност од 30 милиони евра. Бразилецот во сезонава одигра 27 натпревари во францускиот шампионат на кои постигна 7 голови и направи 5 асистенции.
Поранешниот директор на фудбалскиот состав Рома, Валтер Сабатини, откри дека на времето Французинот, Адриен Рабиот, не и се приклучил на „волчицата“ само поради неговата мајка. „Единствено жалам за неуспешниот трансфер на Рабиот. Неговата мајка е виновна за тоа. ПСЖ плати 30 милиони евра и таа сакаше да ги добие парите“ – рече Сабатини. Ќе потсетиме дека Рабиот играше за францускиот состав од 2012 до 2019 година. По завршувањето на договорот замина како слободен во Јувентус.
Фудбалерот на Бурнмаут, Милош Керкез, веројатно во текот на летото ќе си замине од клубот, најавуваат медиумите во Англија. За неговиот потпис се заинтересирани, Челзи, Ливерпул и уште неколку други екипи. 21-годишниот дефанзивец според проценките е многу блиску да замине на „Енфилд“ како замена за Александар-Арнолд кој во летото пред нас ќе оди во Реал Мадрид. Керкез во сезонава има одиграно 29 натпревари со ефект од два гола и 5 асистенции. Бурнмаут за неговиот потпис ќе бара 45 милиони фунти.
Најавеното заминување на фудбалерот на Ливерпул, Тренд Александар – Арнолд во Реал Мадрид, наиде на многу реакции на фановите на „црвените“. Тие преку социјалните мрежи побараа десниот бек да биде исклучен од тимот. На тоа реагираше легендарниот напаѓач, Вејн Руни. „Сепак станува збор за Реал Мадрид. Тоа е најголемиот клуб во светот со неверојатна традиција. Да беше друг состав, ќе можев да ги разберам навивачите“ – рече Руни.
Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Јусуф Нуркиќ, изјави дека планот за партнерство меѓу НБА и Европа е одличен. „Тоа ќе им даде на кошаркарите повеќе можности и слобода да избираат тимови. Мислам дека тоа ќе биде навистина добра лига. Само се надевам дека нема да направи да исчезне Евролигата“ – изјави интернационaлецот од БИХ. „Се надевам дека ФИБА и НБА ќе можат да создадат нешто конкурентно. Тоа треба да биде целта“ – изјави НБА играчот.
Централниот бек на Марсеј, Леонардо Балерди, ги повреди лигаментите на коленото и ќе паузира неколку недели. Проценките велат дека за него сезоната можеби ќе заврши предвреме, објави францускиот клуб. Аргентинецот беше редовно во првата постава и досега одигра 25 натпревари. Поранешниот играч на Борусија (Дортмунд) се пресели на „ Велодром„ во 2021 година. Балерди има и шест настапи за репрезентацијата на „гаучосите“.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс успеаја да слават на мечот со Хјустон со 104:98 но, ѕвездата на тимот, Лука Дончиќ, вели дека тоа бил еден од најлошите мечеви на „езерџиите“. „Победивме поради одбраната, се боревме. Интензитетот беше на ниво на плеј-оф. Мислам дека тоа беше најлошиот натпревар“ – рече Дончиќ. Интернационалецот од Словенија мечот го заврши со 20 поени, 6 скока и 9 асистенции.
Ракометарите на Алкалоид го направија најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираа во 1 / 2 во Купот на ЕХФ. Тие денеска на домашен терен го совладаа Баја Маре со 32:25 откако одиграа одличен меч. Избраниците на Кире Лазаров, имаа во еден период и осум голови предност и рутинирано го затворија дуелот. Најефикасен во нашиот состав беше Петковски со седум голови пред Стојковиќ со пет. Алкалоид за влез во големото финале ќе излезе на мегдан со норвешкиот тим Рунар Сандефјорд кој успеа да го елиминира грчкиот Олимпијакос.
Неколку медиуми денеска објавија дека челниците на Челзи планираат да го купат фудбалерот на Милан, Рафел Леао. Португалскиот интернационалец се најде на мета на лондончани за нивната летна селекција и речиси сигурно ќе дадат понуда за него, тврди италијанскиот – „Calciomercato“. Договорот на 25-годишниот играч вклучува откупна клаузула вредна 175 милиони евра. „Сините“ наводно стапиле и во контакт со агентот на фудбалерот за да ги дознаат неговите лични услови за да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
