Author: dino

NBA

Водечкиот кандидат за наградата дебитант на годината, Стефон Касл,  имаше 15 поени, 15 скока и 9 асистенции со 1 загубена топка на мечот со Денвер. Играчот на Сан Антонио упати 6 прецизни удари од поле, два за 3 поени и погоди еднаш од линијата за слободни. Тој успеа да направи 15-ет скокови што претставува негов рекорд во НБА лигата.

Read More

Претседателот на фудбалскиoт состав Интер, Џузепе Марота, вели дека „нероаѕурите“ ќе се борат за сите трофеи до крајот на сезоната. „Нема да зборувам за тројна круна но, наша приоритетна цел е да имаме важна улога бидејќи историјата на овој клуб нè обврзува да бидеме меѓу претендентите“ – рече Марота.  „Мораме да му оддадеме признание на тренерот и неговиот персонал, бидејќи тие прават одлични работи“ – рече Марота.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Рома пројавува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Ливерпул, Федерико Киеза. Италијанецот кој се соочи со серија повреди, не успеа да се наметне на „Енфилд“ и речиси е редовно надвор од списокот на менаџерот, Арне Слот. Во исто време „волчицата“ планира да направи летна селекција а на списокот фигурира крилниот напаѓач. За 27-годишниот фудбалер се заинтересирани Лацио и Наполи.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, ги негира тврдењата на луѓето од Евертон дека голот на Диого Жота кој им донесе победа на „црвените“ во вчерашното градско дерби бил нерегуларен. „Евертон е секогаш тежок противник. Не случајно беше во серија од девет натпревари без пораз. Имаат многу добар менаџер и се опасни во контра-напад“ – вели Слот. „Тоа беше одличен гол според правилата и не гледам како може некој да се жали. На телевизија се покажа дека тоа е чист гол“ – рече тренерот на Ливерпул.

Read More

Meнаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, сака да го ангажира во текот на летото напаѓачот на Волфсбург, Мохамед Амура, велат денешните информации од Англија. 24-годишниот Алжирец е во сопственост на белгискиот клуб Ројал Унион но, игра како позајмен во германскиот состав. Тој на 24 натпревари во Бундеслигата  постигна 10 голови и направи 8 асистенции. Се проценува дека неговиот потпис вреди околу 30 милиони евра.

Read More

ГН на Јапонија во Формула 1 на патеката „Сузука“ вообичаено ќе започне со првите слободни тренинзи што ќе се реализираат в петок во првите  утрински часови. Првиот ден од викендот е резервиран за последниот слободен тренинг и официјалните квалификации. Главната трка за бодови која ќе има 53 кругови ќе се вози в недела во 07:00 часот.

Read More
NBA

Кошаркарот, Џоел Ембиид, се одлучи за лекување. Центарот на Филаделфија следната недела ќе биде подложен на артроскопска операција. Состојбата на Ембиид ќе биде прелиминарно проценета за шест недели. Се очекува целосно закрепнување. Кошаркарот реши да ја заврши сезоната на крајот на февруари. Ембиид одигра 19 натпревари, со просек од 23,8 поени, 8,2 скока и 4,5 асистенции.

Read More

Раководството на фудбалскиот состав Баер Леверкузен очекува Чаби Алонсо да остане во клубот и да го одработи договорот кој му е валиден до летото во 2026 година, тврди денеска весникот – Билд. Шпанскиот тренер иако во континуитет се поврзува со клупата на Реал Мадрид, веројатно ќе почека уште една сезона пред да ја напушти Германија. Во исто време, „кралевите“ уште не размислуваат за разделба со Карло Анчелоти кој ќе се обиде во сезонава да ја освои тројната круна.  

Read More

Ракометарите на Вардар издвојуваа победа против Алкалоид со 34:26 во првиот дерби натпревар од плеј-офот во Супер-лигата. Домаќинот во СЦ Јане Сандански дојде до победата благодарение на одличната партија во вториот дел откако првото полувреме донесе главно изедначена игра и предност за „црвено-црните“ од 15:13. Вардарци до крајот на мечот успеаја да набилдаат и одлична предност од 8 голови које ќе бид значајна во трката за титулата. Борозан со 9 голови беше најдобар во победничкиот состав додека кај Алкалоид се издвои Серафимов со 8 . Домашниот голман Еспиња имаше големи 15 одбрани

Read More

Министерот за спорт, Борко Ристовски,  присуствуваше на денешното изборно Собрание на Националната  пливачка федерација на кое за нов претседател беше избран, Сашо Лазаровски. Министерот најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт. „Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување во пливањето. Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани и во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана“ – рече министерот Ристовски.

Read More