Author: dino

NBA

Кошаркарскиот состав Торонто очекувано се раздели со двајца играчи. Канадскиот клуб ги раскина договорите со центарот, Орландо Робинсон (24 години, 208 см) и поентерот,  Кол Свајдер (25 години, 203 см). Робинсон во сезонава играше на 35 натпревари со просек од 8,1 поен, 5,9 скока и 1,9 асистенции. Свајдер одигра 8 натпревари, со просек од 7,4 поени и 3,1 скока.

Read More

Во пресрет на 56-то издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2025 денеска на средба со новинарите се појавија министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на Кајакарската федерација на Македонија, Роберт Папазов и најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев. „Мене ми е мило што продолжуваме една традиција која што треба да се негува и која треба да се цени и да се подигне на уште повисоко ниво. Ние сме генерален покровите како Министерство и сигурен сум дека се ќе направиме како држава, како Влада сите љубители на спортот да уживаат и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред“ –…

Read More

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, по вчерашниот пораз кај ПСЖ во Лигата на шампионите, вели дека на реваншот на „Вила парк“  ќе биде сосема друга приказната. „Повеќе или помалку, очекував ваков резултат, 2-1 или 3-1. Наредната недела ќе играме дома и тоа ќе биде голем предизвик за нас бидејќи ќе бидеме посилни со поддршката на нашите навивачи“ – вели Емери. „Сепак, нашиот став не се менува, мора да победиме на реваншот со повеќе од еден гол разлика. Во првото полувреме имавме три или четири шанси“ – рече тренерот на Астон Вила.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити би можеле да го ангажираат дефанзивецот на Тотенхем, Дестин Удоџи. Наводно, „граѓаните“ имаат намера да ангажираат бек во текот на летото а 22-годишниот Италијанец е на нивната потесна листа. Трансферот нема да биде лесен бидејќи „спарси“ сакаат да го задржат одличниот фудбалер кој дејствува по страничните позиции. Според дел од медиумите, англискиот состав го пикирал и фудбалерот на Јувентус, Андреја Камбиасо.

Read More

Франција ќе биде домаќин на Зимските Олимписки Игри во 2030 година откако беа потврдени сите финансиски гаранции. Земјата на „галските петли“  беше условно избрана во јули минатата година а потврдата дојде откако се исполнети сите барања на ИОК. „Исклучително сме задоволни. Разговаравме за повеќе услови кои се исполнети со обезбедени дополнителни гаранции. Тоа овозможи да се потпише договорот“ – рече Кристоф Дуби. Франција ги организираше Зимските игри во Шамони во 1924 година, Гренобл во 1968 година и Албервил во 1992 година.

Read More

Некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, Овен Харгривс, ја нарече Барселона брилијантен тим. „Мислам дека немаат слаби точки. Борусија се обиде со неколку шанси но, Барселона е премногу добра и задоволство e да се гледа“ – рече некогашниот фудбалер. „Ако продолжат да играат така мислам дека можат да ја освојат тројната круна“, рече поранешниот играч од средниот ред на Баерн Минхен.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Лионел Меси во Лигата на шампионите кога станува збор за освoени бодови – голови плус асистенции. Крилниот напаѓач на Каталонците постигна гол и направи две асистенции во првиот натпревар од четвртфиналето против Борусија Дортмунд. Бразилецот во тековнава сезона има 19 бодови (12 голови и 7 асистенции).   Истиот ефект го имаше и Лео Меси во сезоната 2011/12. Аргентинецот тогаш имаше 14 голови и пет додавања кои завршиле со погодок.

Read More

Голгетерот на Барселона, Роберт Левандовски, постави рекорд во Лигата на шампионите по бројот на постигнати голови за различни клубови. Полскиот интернационалец на вчерашниот меч со Борусија Дортмунд во рамките на 1 / 4 финалето, успеа по 11 пат во тековнава сезона да се запише во листата на стрелците. 36-годишниот напаѓач стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал најмалку 10 голови на еден турнир за три различни клуба: Барселона, Баерн и Борусија Дортмунд.

Read More

Капитенот на Борусија Дортмунд, Емре Џан, не крие дека е разочаран од поразот од Барса со 4-0 во првата пресметка во 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Каталонците славеа убедливо во Шпанија и на некој начин се промовираа како сигурни патници во наредната рунда иако реваншот ќе биде одигран на теренот на „милионерите“ во Германија. „Не одигравме добро, бевме без жар во стартовите. Направивме премногу грешки а тоа го казнија одличните напаѓачи на Барселона“ – рече играчот на Борусија Дортмунд.

Read More

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Хвича Кварацхелија, по вчерашната победа на домашен терен против Астон Вила со 3-1 во првиот меч од 1 /4 финалето во Лигата на шампионите, вели дека очекува тежок реванш во Англија. „Почнавме лошо затоа што примивме гол. Задоволни сме со резултатот но, мораме да продолжиме во истиот дух бидејќи има реванш“ – рече Грузиецот. „Сакавме да покажеме дека можеме да бидеме фокусирани. Вториот меч ќе биде многу тежок“ – рече Кварацхелија.

Read More