Author: dino

NBA

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Џими Батлер, кој заработи повреда на мечот со Лос Анџелес Клиперс, вели дека ќе биде добро. Неговата реакција на теренот за момент ги вознемири фановите на трибините. „Беше болно, многу болно. Не сум премногу загрижен. Знам дека ќе бидам подготвен за наредниот натпревар“ – рече Батлер. Тој на мечот со Клиперс одигра 48 минути и постигна 30 поени, 1 скок и 9 асистенции. Неговиот тим за два дена го чека дуел против Мемфис во плеј-ин во НБА лигата.

Read More

Тенисерот, Лоренцо Мусети, го коментираше поразот од Шпанецот, Карлос Алкараз, во финалето на турнирот во Монте Карло. „Знаев што сакам но, беше физички тешко. Дојдоа до израз моите проблеми, заморот и стресот, наталожени во последните неколку денови. Не можев да играм“ – рече Мусети. „Карлос е легенда на нашиот спорт иако е помлад од мене. Тој руши рекорди, да бев 100% физички подготвен ќе можев да издржам подолго“ – рече Мусети.

Read More

Карлос Алкараз по освоеното прво место на турнирот во Монте Карло, од денеска ќе биде на втората позиција на АТП листата на најдобрите светски тенисери. „Видов  дека треба само да уживам. Затоа не размислувам за рејтингот. Пласманот повеќе не е приоритет“ – рече Шпанецот. „ Во наредните неколку месеци од сезоната на земјени терени, ќе се обидам да продолжам во истиот дух“ – потенцираше Алкараз.

Read More

Кошаркарската Федерација на Македонија јавно реагира на одлуката на Судиската Комисија и нејзините членови за бојкотирање на натпреварувањата во сите категории поради неисплатени средства. – На последниот состанок, Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ предложи да се подмират 50 % од тековните долгови кон судиите и сите натпреварувања да продолжат да се одвиваат непречено. Од страна на Кошаркарската Федерација беше даден предлог со конкретен план на исплата но, повторно членовите на Судиската Комисија не беа задоволни и неочекувано решија да го променат ставот“ – стои во соопштението од „Куќата на кошарката“. Во текстот се наведува дека Федерацијата нема добиено никаков финансиски…

Read More

Весникот – „Тутоспорт“ објави дека Јувентус поставил цена за Даглас Луис во висина од 40 милиони евра. „Старата дама“ се надева дека во текот на летото ќе може да го продаде 26-годишниот фудбалер кој не се наметна во тимот од Торино. Тој по доаѓањето од Астон Вила врза серија на повреди и главно беше надвор од стадионите.

Read More

Наполи започна преговори за потписот на крилниот фудбалер на Тотенхем, Дејан Кулушевски. „Спарси“ сепак не се расположени да се разделат со Швеѓанецот кој има потекло од нашава земја. 24-годишниот играч има 138 настапи, 25 голови и 29 асистенции за англискиот состав. Кулушевски има искуство од Серија „А“ бидејќи играше за Јувентус до летото во 2023.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Сити, донеле одлука да се разделат со бекот, Кајл Вокер. Дефанзивецот во претходното лето замина во италијанскиот гигант Mилан кој има опција да го купи за 5 милиони евра. Вокер кој освои шест пехари во Премиер-лигата и еден во Лигата на шампионите, има актуелен договор со „граѓаните“ до јуни во 2026 година.

Read More

Англискиот фудбалски состав Евертон ќе направи напор во текот на летото да го обезбеди дефанзивецот на Феенорд, Давид Ханцко. Според дел од локалните медиуми, скаутите на „карамелите“ во континуитет ги следеле настапите на 27-годишниот интернационалец од Словачка. Се претпоставува дека за потписот на фудбалерот се заинтересирани уште неколку екипи од Англија.

Read More

Џони Херберт, поранешниот Формула 1 возач, не е убеден дека Мекларен ќе биде во трката за шампионскиот пехар во тековнава сезона. „Тие секогаш ги освојуваа  титулите со доминација во почетокот на сезоната. Сега поминаа неколку трки а Ландо води со само еден бод“ – рече Херберт пред трката во Бахреин. „Никогаш не мислев дека ќе биде лесно за Мекларен. Сè уште мислам дека тие ќе треба да се борат. Имаат добар болид“ – рече Херберт.

Read More

Шарл Леклер сака враќање на моторите „V10“ кои последен пат беа користени во Формула 1 во 2005 година. „Мислам дека „V10“ би биле одлични. Би рекол дека многу од возачите го делиме тоа мислење“ – рече Леклер. ФИА за наредната сезона донесе неколку нови правила за погонските единици. Новите агрегати ќе ја задржат актуелната V6 турбо-хибридна формула.

Read More