Author: dino

NBA

Легендарниот кошаркар, Кармело Ентони, кој ќе биде дел од „Куќата на славните“, зборуваше за лидерските квалитети на Крис Пол. „Крис Пол дефинитивно е еден од најдобрите лидери во историјата на НБА. Многу зборуваме за Леброн Џејмс, но Крис Пол сè уште игра. Не е важно дали има шампионска титула или не, тој е втор по асистенции, тој сè уште игра, има уште многу да даде на натпреварите“ – рече Ентони. „Да се ​​биде лидер не е лесно. Некои од неговите соиграчи го мразат, некои го сакаат. Тој ќе го води тимот до победа“ – рече Ентони.

Read More
NBA

Генералниот директор на Далас, Ник Харисон, се сретна со новинарите за прв пат 2,5 месеци по испраќањето на кошаркарот Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс. „Да, никогаш не престанувате да учите. Разговаравме за тоа со Рик Велтс. Ако бевме во вистинската временска зона, ако реагиравме на ситуацијата побрзо“ – вели Харисон. „Отидов до медиумите со стандардно соопштение и се надевав дека тимот што го собравме тогаш ќе ги смири сите. Но, тоа не се случи“ – изјави Харисон.

Read More

Фудбалерите на Вардар и Црвена ѕвезда од Белград одиграа пријателски натпревар на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје кој имаше и хуманитарен карактер бидејќи целиот приход од влезниците ќе биде дониран за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Мечот имаше емотивен почеток а по 20-тина минути игра „Комити“ се истакнаа и со спектакуларна кореографија. На Западната трибина беше испишано „Кочани“, но и „благодарам“ на  јазиците на сите земји кои испраќаа помош за Македонија по трагедијата. На полувремето продефилираа повеќе легенди на двата клуба. Средбата заврши со победа на гостите со 3-1. Голот за „црвено-црните“ го постигна Маневски додека…

Read More

Фудбалерите на Борусија Дортмунд денеска ќе се сретнат со Барселона во реваншот од 1 /4 финалето во елитата на Европа. Гостите кои на хартија имаат предност од 4:0, немаат пораз во последните 24 мечеви во сите конкуренции – 20 победи и четири нерешени. Германскиот состав пак, има катастрофален ефект против шпанските состави. Имено, „милионерите“ на последните 18- ет натпревари со екипите од Пиринеите имаат само четири победи, пет нерешени и девет порази. Борусија Дортмунд: Кобел; Шуле, Чан, Антон; Рајерсон, Нмеха, Свенсон, Чуквуемека, Грос; Бајер, Гираси. Барселона: Шчесни; Кунде, Кубарси, Мартинез, Де Јонг; Лопез, Педри; Јамал, Левандовски, Рафиња. Судија ќе биде…

Read More

Астон Вила доцна вечер ќе го пречека ПСЖ во реванш од 1 / 4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Французите допатуваат со предност од 3-1 која може но, и не мора да биде гаранција за пласман во наредната фаза ако се знае дека составот од Вила Парк победи на домашен терен на десет од последните 12 натпревари под капата на УЕФА. Што велат прогнозите околу стартните состави. Астон Вила: Мартинез; Кеш, Конса, Мингс, Дигне; Камара, Тиелеманс, Роџерс, Мекгин, Рашфорд, Воткинс. ПСЖ: Донарума; Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш, Жоао Невес, Витиња, Фабиан Руиз, Дуе, Дембеле, Кварацхелија. Судија на мечот ќе…

Read More

Хрватот, Игор Тудор, кој има тековна соработка  со Јувентус до крајот на сезоната, може да добие понуда да остане подолг период во Торино, наведуваат медиумите во Италија. Во  неговиот договор има клаузула за автоматско продолжување што ќе се активира доколку тимот се квалификува за Лигата на шампионите. Тудор во први три натпревари имаше победи со Калјари и Лече и реми со Рома.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, не крие дека е задоволен по вчерашната победа против Емполи со која неговиот тим останува во трката за Скудетото.  „Игравме против добар состав кој е крајно опасен со долгите додавања. Изненадувачки е што се наоѓа во битката за опстанок“ – вели Конте. „Имавме многу шанси и посед на топка. Физички бевме доминантни во второто полувреме. Тоа треба да не радува“ – рече Конте.

Read More

Фудбалерот на ПСЖ, Осман Дембеле, пред реваншот со Астон Вила во 1 / 4 финалето во Лигата на шампионите, нагласи дека е задоволен од позицијата која ја има на теренот. „Имам поголема прегледност пред голот и добро ми помагаат соиграчите. Не знам дали сум лидер на ПСЖ, но, јас сум еден од клучните играчи“ – рече црномурестиот напаѓач. Имаме уште долг пат за да ја освоиме Лигата на шампионите. Тимот има силен карактер и никогаш не се предава“ – изјави Дембеле.

Read More

Кошаркарскиот состав Валенсија, планира да го ангажира Исмаел Бако. Договорот на 29-годишниот центар со екипата на Уникс ќе заврши на крајот на сезонава. Тој има просек од 8,6 поени и 6,4 скокови на 41 натпревар во ВТБ лигата. Според дел од медиумите, белгискиот кошаркар е една од приоритетните цели на шпанскиот клуб кој сака да се врати во Евро-лигата.

Read More

Возачот на Мекларен во Формула 1, Ландо Норис, не крие дека не е задоволен од моменталната форма во тековнава сезона.„Резултатите се дури изненадувачки. Нашиот болид е толку добар што ме спасува од големи неуспеси“ –изјави Норис кој на трката во Бахреин го освои 3. место. Наредните возбудувања во Формула 1 ќе бидат во Саудиска Арабија од 18 до 20 април.

Read More