Author: dino

„Скај Германија“ објави дека искусниот стопер во редовите на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае, може да си замине од клубот во текот на летото. Дефанзивниот фудбалер кој пристигна во Баварија пред 2 години, наводно сака да ја промени срединта. Претходно имаше шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани Челзи и Њукасл од Англија и екипата на увентус од Италија. 28-годишниот јужнокорејски репрезентативец во сезонава се појави на 42 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 3 гола.

Read More

Италијанскиот фудбалски стратег, Карло Анчелоти, ја одбил понудата на Бразилската фудбалска конфедерација да го презме кормилото на „кариоките“. Тој сака да остане во Шпанија иако се погласни се шпекулациите дека Флорентино Перез, сака да донесе нов тренер на клупата на Реал Мадрид.   Откако Анчелоти ја одби понудата за селектор, сега како главен претендент да ги води Бразилците се наметнува Хорхе Жезус кој работи во екипата на Ал Хилал.

Read More

Првите луѓе на Ајнтрахт Франкфурт објавија неверојатно голема сума за потписот на напаѓачот Хуго Екитике, кој влегува на радарот на неколку фудбалски гиганти од Европа. Германскиот состав ќе бара околу 100 милиони евра за да го ослободи од обврските 22-годишниот Французин кој има договор до 2029 година. Екитике кој влегува во плановите на челниците на Арсенал и Манчестер Јунајтед, во тековнава сезона постигна 21 гол и направи 9 асистенции во сите конкуренции.

Read More

Дарио Ивановски на националниот куп на Македонија постави нов државен рекорд на патеката од 10.000 метри. Нашиот најдобар атлетичар обезбеди време од 29:31.27 минути на митингот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со што стигна убедливо до првото место. Ивановски за нешто повеќе од половина минута го подобри досегашниот рекорд кој исто така беше поставен од негова страна.

Read More

Луѓето од Милан прават големи напори да обезбедат ново име на клупата за наредната сезона, тврдат медиумите во Италија. Според нив, Серхио Консеисао, во текот на летото ќе си замине од редовите на „росонерите“ кои имаат разочарувачка сезона. „Газета дело Спорт“ , наведува дека неколку имиња се во преден план да седнат на клупата на Милан. Прв на листата е искусниот Масимилијано Алегри а веднаш зад него е ставен актуелниот тренер на Болоња, Винченцо Италиано.

Read More

Голманот на Милан, Мајк Маињан, може да биде ставен на трансфер-листата во текот на летото, најавија дел од медиумите во Италија. Наводно, „росонерите“ се расположени да се разделат со францускиот интернационалец доколку добијат понуда во висина од 40 милиони евра. Чуварот на мрежата на екипата од „Сан Сиро“ има тековен договор до летото во 2026 година. За 29-годишниот фудбалер наводно се заинтересирани англиските состави Манчестер Јунајтед, Челзи и Астон Вила.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека десниот бек, Трент Александер-Арнолд,  кој паузираше поради повреда речиси еден месец, се вратил во тренинг процес. Тој пропушти четири натпревари меѓу кои и финалето на Карабао купот против Њукасл. Засега останува дилемата дали Александер-Арнолд ќе може да игра на неделното гостување кај Лестер.

Read More

Фудбалскиот интернационалец од Белгија, Кевин де Бруин, кој во текот на летото ќе го напушти англискиот состав, Манчестер Сити, добил нова понуда. Станува збор за екипата на Чикаго. Американскиот клуб кој најавува големи амбиции за во иднина, сака да го ангажира одличниот играч од средината на теренот. Ќе потсетиме дека за 33- годишниот фудбалер на „граѓаните“ се заинтересирани екипи од Германија, САД и Саудиска Арабија.

Read More

Во пресрет на новата трка во Формула 1 шампионатот, медиумите наведуваат дека Ферари може да постави неславен рекорд кога станува збор за искачување на подиумот на стартот на сезоната. Имено, во првите четири сезонски настапи, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, не успеаја да се пласираат меѓу првите тројца. Статистиката вели дека возачите на италијанскиот тим досега во осум наврати не успеале да обезбедат место во првата тројка по четири сезонски трки. Тоа се случило во 1973, 1980, 1981 и 1993 година.

Read More

Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој постигна гол на вчерашниот меч со Баерн Минхен во реваншот од 1 / 4 финалето на Лигата на шампионите, не крие дека има високи амбиции. Италијанците по триумфот во Германија во првата средба со 2-1, доцна синоќа одиграа нерешено 2:2 на „Џузепе Меаца“ во Милано со што успеаја да го елиминираат баварскиот гиган и да влезат во полуфиналето во елитата на Европа. „Тоа секако беше епски натпревар кој долго ќе го паметиме. Благодарам на целиот персонал, моите соиграчи и навивачите кои се нашиот 12-ти играч“ – рече Аргентинецот.

Read More