Author: dino

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се надева дека фудбалерот, Букајо Сака, ќе биде подготвен за полуфиналето на Лигата на шампионите против францускиот Пари Сен Жермен. Натпреварите во елитната конкуренција на Европа ќе бидат одиграни на 29 април и 7 мај. „Има мал проблем со глуждот но, се надевам дека не е ништо сериозно” – изјави Артета по вчерашната победа против Ипсвич во Премиер лигата. Лондончани откако изминатата седмица го елиминираа Реал Мадрид во Лигата на шампионите, сега ги очекува пресметката во „светците“ од Париз.

Read More

Поранешниот фудбалер, Алан Ширер, потенцира дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, не е подготвен да игра за таков голем клуб. „Тој е доведен во навистина тешка ситуација и не може да биде лидер во нападот. Притисокот што е врз него го прави скршен играч“ – рече Ширер. 22-годишниот Данец беше купен во 2023 година од Аталанта но, не успеа да се наметне во островскиот фудбал. Во дебитантската сезона постигна само 10 голови.

Read More

Фудбалските натпревари од Серија А, Серија Б, Серија Ц, како и од младинските категории што требаше да се играат денеска се откажани поради смртта на Папата Франциск. Тој почина денеска на 88-годишна возраст по долго боледување. Денов требаше да донесе четири натпревари во прволигашкото друштво: Торино-Удинезе, Калјари-Фиорентина, Џенова-Лацио и Парма-Јувентус. Одложените мечеви веројатно ќе се реализираат кон крајот на наредниот месец.

Read More
NBA

НБА ги објави имињата на финалистите номинирани за седум категории  за регуларниот дел од сезоната 2024/25 во лигата. Тројцата од кои ќе биде избран добитникот на највредното признание – МВП се Шеј Александер од Оклахома, Никола Јокиќ од Денвер и Јанис Антетокунмбо од Милвоки. За дефанзивец на годината конкурираат Еван Мобли – Кливленд, Дрејмонд Грин – Голден Стејт Вориорс и Дајсон Даниелс – Атланта. Дебитант на годината: Захари Рисачер – Атланта, Стефан Касл- Сан Антонио Спарс, Џејсон Велс – Мемфис. Шести играч: Пејтон Причард – Бостон,Тај Џером – Кливленд Кавалирс и Малик Бисли – Детроит. Играч на натпреварот: Џејсон Бронсон…

Read More

Возачот на Мекларен во Формула 1, Ландо Норис, откако го освои четвртото место на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, призна дека имал слаб викенд исполнет со многу грешки.  „Не сум изненаден поради грешките што ги направив. Имам самодоверба. Жал ми е што си го отежнувам животот во саботите. Убеден сум дека ќе се вратам таму каде што бев” – рече  Британецот кој го загуби првото место во генералниот пласман. Ќе потсетиме дека во Џеда победи вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри од Австралија.

Read More

Уго Орландо Гати, легендарниот фудбалски голман познат под прекарот „ Лудак“ почина на Велигден во Буенос Аирес на 81-годишна возраст. Тој играше до 44-годишна возраст и има рекордни 765 настапи во првата лига . Гати дебитираше за Атланта во 1962 година. Потоа играше за Ривер Плата, Гимнасија Ла Плата и Унион Санта Фе, пред да отиде во Бока Јуниорс. Гати одигра 18 натпревари за Аргентина од 1967 до 1977 година. Во 1982 година беше прогласен за најдобар аргентински фудбалер.

Read More

Турскиот елитен фудбалски состав, Галатасарај, сака во текот на летото да испрати понуда до играчот на Баер Леверкузен, Гранит Џака, наведуваат дел од медиумите. 32-годишниот играч за врска на „фармацевтите“ има тековен договор до 2028 година. Според објавеното, преговорите се започнати иако за репрезентативецот на Швајцарија се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија. Претходно беше потенцирано дека Баер Леверкузен нема намера да се раздели со Џака доколку не добие добра понуда.

Read More

„Газета дело Спорт“ тврди дека екипата на Ал-Хилал сака да го ангажира тренерот на Интер, Симоне Инзаги и фудбалерот на „нероаѕурите“, Николо Барела. Наводно, првиот човек на екипата од Саудиска Арабија, Фахад бин Нафел, неколку денови престојувал во Италија за да се сретне со луѓето од „Џузепе Меаца“. Инзаги ќе треба да го замени Хорхе Жесус кој има реална шанса да го преземе кормилото на Бразил. Од друга страна за Барела се наведува дека нема амбиции да ја напушти Европа иако добил одлична финансиска понуда.

Read More

Јуки Цунода ја презеде одговорноста за инцидентот на крајот од вчерашниот слободен тренинг пред Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда. Јапонецот преагресивно го нападна врвот од последниот свиок и удри во заштитната ограда од внатрешната страна по што продолжи во бетонскиот ѕид. „Само се завртев премногу и го допрев внатрешниот ѕид и тоа ми го оштети автомобилот. Потоа изгубив контрола. Му се извинувам на тимот, тоа беше моја грешка“ – рече Цунода.

Read More

Усман Дембеле кој со Пари Сен Жермен пред време ја обезбеди титулата во Франција и воедно влезе во плу-финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека не размислува за престижната награда – „Златна топка“. „Борбата за Златната топка? Најважно е што ПСЖ сега игра како тим. Има уште долг пат да се помине и за мене нема ништо поважно од колективните трофеи” – изјави Дембеле. ПСЖ во елитната конкуренција на Европа го очекуваат пресметките со Арсенал кој успеа да го елиминира бранителот на тронот, Реал Мадрид.

Read More