Возачот на Мекларен во Формула 1, Ландо Норис, откако го освои четвртото место на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, призна дека имал слаб викенд исполнет со многу грешки.
„Не сум изненаден поради грешките што ги направив. Имам самодоверба. Жал ми е што си го отежнувам животот во саботите. Убеден сум дека ќе се вратам таму каде што бев” – рече Британецот кој го загуби првото место во генералниот пласман.
Ќе потсетиме дека во Џеда победи вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри од Австралија.

