Author: dino

Фудбалерот на Наполи, Давид Нерес, се соочува со повреда на мускулот на левата нога и дефинитивно ќе мора да оди на рехабилитација. Тој бил на дополнителни прегледи и ќе мора да отсуствува најмалку неколку недели што значи дека ќе мора да пропушти поголем дел од натпреварите во Серија „А“. Бразилскиот фудбалер не играше против Монца.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Фиорентина може да се обиде да го ангажира ветеранот, Томас  Милер, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен. Наводно, „виолетовите“ ги направиле првите контакти со агентот на 35-годишниот Германец кој целата кариера ја помина во Баварија. Ќе потсетиме дека Фиорентина на времето ангажираше играчи на Баерн Минхен. Тоа беа Клаудио Пизаро и Франк Рибери.

Read More

Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Џејмс Мекати, може да добие понуда да замине во Бундес-лигата откако за неговиот потпис е заинтересирана екипата на Баер Леверкузен, наведуваат медиумите во Англија. Репрезентативецот на „гродиот Албион“ до 21-година ја нема посакуваната минутажа кај „граѓаните“ и има желба да ја промени средината. Офанзивниот играч за врска во тековнава сезона одигра 25 средби но, на само осум беше меѓу стартерите.

Read More

Луѓето од фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, планираат да испратат понуда за голманот на Парма, Сион Сузуки. 22-годишниот играч кој е роден во САД, настапува за селекцијата на Јапонија. Тој во летото во 2024 година го напушти белгискиот клуб Сен-Труден и за 7,5 милиони евра се пресели во Италија. Медиумите наведуваат дека неговата  ослободителна клаузула се движи околу 40 милиони евра.

Read More

Договорот на Макс Верстапен со екипата на Ред Бул во Формула 1 е валиден до крајот на 2028 година но, вклучува опции за предвремено завршување на соработката меѓу двете страни. Како што претходно беше објавено, четирикратниот шампион ќе може да го раскине договорот во текот на летото доколку не биде меѓу првите тројца во трката за титулата. Паралелно се појавија шпекулации дека Верстапен може да замине во Мерцедес или да направи пауза најмалку една година.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, проговори за пресметките со Реал Мадрид во плеј-офот во Евролигата. „Работевме напорно за да бидеме на првото место и да добиеме полесен противник.  Сега се фокусираме на првиот натпревар. Имаме на располагање повеќе играчи и ќе ги одбереме најдобрите“ – рече Барцокас. „Годинава ги победивме сите, не сакам да правам споредби. Реал одмораше дел од клучните играчи“ – рече тренерот на грчкиот состав.

Read More

18-годишниот Жоао Фонсека би сакал да игра со Новак Ѓоковиќ на тенискиот турнир – Ролан Гарос. „Би бил среќен да се сретнам со Ѓоковиќ во првото или второто коло. Ќе се обидам да го играм мојот најдобар тенис. Играм без притисок, па мислам дека можам да играм добро“ – рече Фонсека. „Една од моите цели е да стигнам до третото коло на Грен слем. Можеби тоа ќе биде на Ролан Гарос. Мојата цел е да станам број 1.“ – рече Фонсека.

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Милвоки, Док Риверс, проговори за првите два меча на теренот на Индијана. Неговиот тим сега има негатива од 2-0 во првото коло од плеј-офот во трката за титулата во НБА лигата. „Ќе видиме што ќе се случи. Имаме 48 часа да се подготвиме а сè уште не знам што ќе правиме. Но, имам голема верба во нас во оваа серија“ – рече главниот тренер на тимот на прес-конференцијата по натпреварот. Милвоки и Индијана се сретнаа во разигрувањето и во претходната сезона. Тогаш Бакси победија со 4-2

Read More
NBA

Колин Каухерд направи паралела помеѓу младите ѕвезди на НБА лигата кои во континуитет добиваат шанса да се наметнат на теренот. „Секогаш кога ќе го видам Ентини Едвардс во новата година гледам играч кој станал уште подобар. Не можам да го кажам истото за Џо Морант“ – рече Колин.„Работата што Ент ја има во неговата игра е очигледна. Исто така и напорите на персоналот на Минесота да го развие“ – сподели спортскиот новинар.

Read More

Кошаркарската федерација ја информира јавноста дека деновиве ќе бидат подмирени долговите кон судиите што значи дека ќе може да продолжи натпреварувањето во машка и женска конкуренција.  Раководството на КФСМ одржа состаноци со претставниците на клубовите од Првата МТЕЛ лига (мажи) каде беше унифициран ставот дека во моментов како и останатите спортски клубови во државата, не се во можност да ги подмират своите долгови поради неисплатените финансиски субвенции од соодветниот надлежен орган. Во очекување на исплатата на државните субвенции, а во интерес на кошарката, соодветните канцеларии за натпреварување при КФСМ, за младински и за сениорски лиги, ќе извршат делегирање на натпреварите…

Read More