Игор Стефановски Иџе трката во Австрија од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја заврши на подиум. „Трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер во Австрија, во конкуренција со над 250 натпреварувачи од цела Европа. Успеавме да се искачиме на подиум во исклучително моќна конкуренција. Благодарен сум на целиот тим и особено на тимот на Ферари, кои го направија мојот автомобил перфектен за оваа трка“ – рече Стефановски. Стефановски и годинава се трка со Ферари 488 B8. Годинава има 11 трки, од кои две се завршени.Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот…
Author: dino
Легендарниот руски тенисер, Евгениј Кафелников, изјави дека Андреј Рубљев нема да биде во Топ 10. „Тој се соочува со технички, физички и тактички проблеми. Можеш да излезеш од менталната дупка ако имаш основа но, Андреј ја нема бидејќи некаде исчезна“ – рече поранешниот светски рекет број еден. Рубљев, сега се спушти под 15-то место на листата на најдобрите светски тенисери и тоа за прв пат гледано од јануари во 2020 година.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, рече дека големата победа на теренот на Интер ја посветува на фановите на „римската волчица“ кои не можеа да присуствуваат на натпреварот во Милано. „Дојдовме со решеност да ги направиме горди и да победиме. Интер е многу силен тим а ние се обидовме да поставиме добра одбрана“ – рече Раниери. „Навистина сум среќен за навивачите и играчите, за сите жртви што ги направија. Дојдовме тука и го победивме лидерот“ – потенцираше тренерот на Римјаните.
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, вели дека е задоволен од победата против Торино. Освоените три бода и поразот на Интер, го ставија неговиот тим на пол-позицијата во трката за титулата во Серија А. „Сега остануваат уште четири чекори. Го направивме првиот но, мора да бидеме внимателни бидејќи нè очекуваат тешки натпревари со тимови како Лече и Удинезе“ – вели Конте. „Публиката исто така помогна. Навивачите беа инспирирани и тоа се пренесе кај фудбалерите“ – рече тренерот на Наполи.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, му честиташе на Ливерпул за освоената титулата во Англија. „Во мое име и во име на целиот клуб, сакам да му честитам на Ливерпул за титулата во Премиер лигата. Заслужено, тоа е фантастичен тим. Се надеваме дека догодина ќе бидеме подобри а сега честитките се за Ливерпул“ – рече Гвардиола. Неговиот тим колку-толку ќе може да ја спаси сезоната со евентуално освојување на пехарот во ФА Купот на Англија.
Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, по поразот од Ливерпул вели дека неговите фудбалери не успеале да одговорат на големата борбеност и амбициите на новиот шампион на Англија. „Честитки до Ливерпул. Беше навистина тешко за нас. Беа премногу добри. Се соочивме со високо мотивиран тим“ – рече Постекоглу. „Во првото полувреме беше навистина разочарувачки како ги примивме головите. Откако поведоа, беше навистина тешко“ –рече тренерот на Тотенхем.
Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, ги доведе во прашање одлуките на стручниот штаб на тимот. Тој се насочи на последниот пораз од Минесота што го донесе составот на чекор до елиминација во плеј-офот во НБА лигата. „Не знам дали беше паметно да се задржат Леброн и Лука на теренот во текот на целото второ полувреме имајќи в предвид дека имаше само еден ден одмор помеѓу 3-от и 4-от меч. Кога требаше Леброн да ја преземе контролата врз играта во четвртата четвртина, тој не можеше, не постигна ниту еден поен“ – рече Џонсон. Големите ѕвезди на „езерџиите“, Дончиќ и Џејмс,…
Во пресрет на првите мечеви од полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони доаѓаат интересни податоци за дел од екипите. Познато е дека на 29 април Арсенал ќе игра со ПСЖ. Интересно е дека англичаните и французите се сретнаа и во првиот дел од тековната сезона кога се играше групната фаза. Тогаш „топчиите“ победија во Лондон со головите на Каи Хаверц и Букајо Сака. Традицијата вели дека тимот од Париз сè уште не победил во пет натпревари против екипата од северниот Лондон (3 нерешени и 2 порази). Во тие бројки влегува и полуфиналето во Купот на победниците на куповите во сезоната…
Челниците на фудбалскиот состав, Јувентус, веројатно во текот на летото ќе испратат понуда до играчот на Шахтјор Донецк, Георги Судаков, велат последните информации од Италија. Украинецот во текот на зимскиот период се поврзуваше со неколку екипи но, сепак остана во клубот. Извршниот директор на Шахтјор Донецк, Сергеј Палкин, неодамна потврди дека во моментов има најмалку два тима што сакаат да го ангажираат играчот од средниот ред.
Фудбалерот, Илкај Гундоган, го потенцираше Кевин Де Брујн, за најдобар играч во историјата на Манчестер Сити. Познaто е дека на крајот на сезоната Белгиецот ќе го напушти англискиот клуб. „Тој е незаменлив. Знаеме дека никој не може да дојде и едноставно да го замени. Секако, некако ќе ја пополниме таа празнина, клубот секогаш успева да го направи тоа“ –рече Гундоган. „Тоа што Кевин го направи за овој клуб е неверојатно. Беше радост да го делам теренот со него толку многу години“ – рече играчот од средниот ред на „граѓаните“.
