Author: dino

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, го пофали Кол Палмер, кој во победата против Ливерпул со 3-1, беше стрелец на последниот гол за домаќините и тоа со удар од белата точка. „Сега е среќен затоа што постигна гол и победивме. Палмер е играч кој може да прави работи што никој не ги очекува“ – рече Мареска. „Атмосферата со навивачите беше една од најдобрите во сезоната и се надевам дека така ќе остане до крајот“ – нагласи тренерот на „сините“ од Лондон.

Read More

Тренерот на новиот фудбалски шампион на Англија, Арне Слот, им даде шанса на неколку млади фудбалери на гостувањето кај Челзи. Ливерпул по освоената титула немаше многу мотиви на теренот на лондончани и загуби со 3 спрема 1. Во неговите редови се појавија дел од играчите што имаа мала минутажа во тековнава сезона од типот на Харви Елиот, Кванса и Ендо. „Тие заслужуваат да играат бидејќи тренираа напорно цела сезона. Не можеме да им дадеме оценка само за овој натпревар“ – рече Слот.

Read More

Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, не е задоволен како се одвиваа нештата во боксот на трката во Мајами. Тој исто така не крие дека е разочаран од перформансите на болидите SF-25 и од начинот на кој доаѓаа инструкции за него и за Луис Хамилтон. „Тешка е ситуацијата но, ќе морам да дадам здодевен одговор и нема воопшто да коментирам“ – објасни Леклерк околу размената на позициите со Хамилтон. „Денеска видовме дека тоа не е начин да се управува со трката. Ќе разговараме со тимот за да можеме да донесеме подобри одлуки“ – рече Леклер.

Read More

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е победник на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1. Второто место го освои неговиот клупски колега Ландо Норис додека Џорџ Расел од Мерцедес го обезбеди третото место.   Австралиецот со новата победа го зголеми своето водство во генералниот пласман. Тој сега има 131 поен. На втората позиција е Норис додека Макс Верстапен го има третото место. Наредните возбудувања во Формула 1 ќе бидат на патеката во Имола во Италија за две недели. Таму ќе биде возена трката за Големата награда на „Емилија Ромања“.

Read More
NBA

Лидерот на Кливленд, Донован Мичел, го коментираше изненадувачкиот поразот во првиот натпревар против Индијана во плеј-офот во НБА лигата. Кавси дома загубија со 121-112. „Нема за што да паничиме. Треба да разберете дека серијата е долга. Тие играа добро и мора да им се оддаде признание“ – рече Мичел. „Не можеш да ја наведнеш главата. Нема потреба да се грижиме. Не ја прикажавме нашата најдобра игра но, ќе бидеме подобри“ – рече Мичел кој мечот го заврши со 33 поени.  

Read More
NBA

Главниот тренер на кошаркарите на Хјустон, Име Удока, е заинтересиран за продолжување на соработката со бекот Фред ВанВлит. „Мислам дека двете страни сакаат тој да остане. ВанВлит е една од причините за нашиот раст. Ми се допаѓа сè што прави. ВанВлит е совршена комбинација од игра со и без топка. Би сакал да го задржам“ – рече Удока. ВанВлит има опција во својот договор за следната сезона. Доколку се активира, играчот ќе заработи 44,9 милиони долари.

Read More

Поранешната светска тенисерка број 1, Наоми Осака, ја освои својата прва титула по четири години. Јапонката стана шампионка на турнирот во Сен Мело (Франција) по убедливата победа во финалето против Каја Јуван од Словенија со 2-0 по сетови 6:1, 7:5. Тоа е прв трофеј на земјена подлога за Наоми Осака во нејзината кариера и прва титула откако го освои Австралија Опен во 2021 година.

Read More

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа заедно со домашната претставничка Екатерине Горгодзе влегоа во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Лопота, Грузија кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.   Тие ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Зозија Кардава (Грузија) и Улаџислава Зверава (Русија) и триумфираа за нешто повеќе од еден час со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3.   Лина и Горгодзе во наредната рунда ќе играат со третите носителки, Рутуја Хосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд).

Read More

Младинскиот ракометен состав на Еурофарм Пелистер ќе игра против данскиот ГОГ Гудме во полуфиналето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите кој ќе биде реализиран во Келн. Во второто полуфинале во познатата – „Ланксес Аренар“ ќе се сретнат шпанската Барселона и унгарскиот Веспрем. Ќе потсетиме, Битолчани беа најдобри на турнирот во Букурешт  во друштво на романскиот Динамо и полскиот Киелце. ГОГ Гудме славеше на турнирот што беше одржан во Берлин. Таму беше подобар од германските состави Магдебург и Фуксе Берлин.

Read More

Томица Главчев е нов претседател на КФСМ, тој доаѓа на местото на Перо Антиќ, кој по шест години ја напушта позицијата. На денешното Вонредното Изборно Собрание на кое беа присутни 38 членки од вкупно 50, сите едногласно му изгласаа недоверба на првиот човек на КФСМ а потоа му дадоа мандат од четири години на новиот претседател.Главчев е успешен бизнисмен кој долго време е активен во кошарката. На времето беше основач на Блокотехна а сега е дел од Управниот одбор на федерацијата.  

Read More