Author: dino

Алармот се вклучува во Лацио. Против Јувентус в сабота во 18:00 часот на Стадионот Олимпико, тренерот, Марко Барони, ќе мора да се справи со многу повредени и болни на стоперските позиции Единствениот што е достапен во моментов е Лука Пелегрини. Црногорецот, Адам Марушиќ, е под знак прашалник иако лекарскиот тим ќе се обиде да го опорави за да ја покрие дупката во одбраната. „Римските орли“ во финишот на сезоната во Серија „А“ се борат за место во Лигата на шампионите.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Кристијано Роналдо, по бројот на голови и асистенции во една сезона во Лигата на шампионите.   Бразилецот на вчерашниот меч кај Интер во реваншот од полуфиналето постигна погодок за предност од 3-2 но, неговиот тим го загуби мечот по две продолженија со 4:3 и не влезе во големото финале. Рафиња во сезонава постигна 13 гола и запиша 8 асистенции. Достигнувањето на Кристијано Роналдо датира од сезоната 2013/2014, кога играше за Реал Мадрид.

Read More

Голманот на Интер, Јан Зомер, не крие дека е многу среќен што неговиот тим влезе во големото финале во Лигата на шампионите. „Многу сум среќен, одигравме неверојатен натпревар. Која одбрана ќе ја паметам? Последната против Ламине Јамал. Тој е одличен играч и за среќа не постигна гол“ – рече Зомер. „Навистина сум горд на нашиот тим и на тоа како игравме. Немате многу шанси да стигнете до финале во Лигата на шампионите. Дадовме сè на теренот“, додаде Зомер.

Read More

Дукати во текот на викендот ќе има шанса да испише историја на трката во Мото ГП за Големата награда на Франција  доколку еден од шесте возачи што ги користат моторите на Италијанците победи во Ле Ман. Тоа би било 23-та последователна победа на Дукати во премиер класата, што ќе биде нов рекорд. Моменталниот од 22 последователни победи го постави Хонда гледано од трката за Големата награда на Малезија во 1997 година до трката за  Големата награда на Холандија во 1998 година.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, по вчерашната елиминација на Барселона, вели дека неговиот состав заслужено влегол во финалето на Лигата на шампионите. „Мораме да и честитаме и на Барселона, бидејќи е навистина силен противник. Потребен беше супер Интер, па им честитам на моите момци за двата неверојатни натпревари. Тоа е единствениот начин да се стигне до финалето“ – рече Инзаги. „Горд сум што сум нивни тренер бидејќи дадоа сè од себе. Никогаш не бевме арогантни, заслуживме да стигнеме до финалето“ – рече тренерот на италијанскиот тим

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, Стив Кер, потврди дека Стеф Кари има истегнување на тетивата. „Неговата состојба ќе се проценува секојдневно. Ќе направи магнетна резонанца. Разговарав со него за време на паузата, тој беше, секако, депресивен. Момчињата го презедоа неговиот товар и го добија натпреварот.“ – рече Кер. „Сите сме загрижени за Стеф но, тоа е дел од играта. Момците успеаја одлично да ја завршат работата“, рече главниот тренер на Голден Стејт по победата кај Минесота.

Read More
NBA

Генералниот менаџер на Феникс, Брајан Грегори, ги изложи очекувањата за следната сезона во НБА лигата. Популарните „сонца“ во сегашниов шампионат не успеаја да стигнат до разигрувањето.   „Имаме многу талентиран состав. Имаме доволно талент да зборуваме за солидна основа за понатамошна работа“ – рече Грегори. „Секако, работењето на трансферите ќе биде клучно. Главната задача ќе биде да се утврди кохерентноста и идентитетот на тимот. Ако сè се среди, ќе бидеме многу добри“, рече новиот генерален менаџер на Санс.

Read More

Селекторот на одбојкарите, Јошко Миленкоски, подготовките за летните активности ќе ги започне со 16 репрезентативци откако избриша шест од првично објавениот список. Прв предизвик за Македонија во наредниот период ќе биде Златната Европска лига. Подготовките на одбојкарите ќе започнат на 15 мај во Струмица.

Read More

Фудбалерите на Рома остварија значајна победа против Фиорентина со 1-0 и го задржаа курсот кон Лигата на шампионите за наредната сезона Тие сега се наоѓаат на делба на четвртото место со Јувентус и Лацио. „Секогаш сакам максимум од моите фудбалери. Мора да бидеме задоволни од постигнатот. Сакам да кажам дека игравме против многу силен тим“ – наглaси тренерот на Римјаните, Клаудио Раниери. „Сакавме да ги притиснеме високо бидејќи добро ја држат топката. Одигравме одличен натпревар“ – потенцираше стратегот на „римската волчица“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Игор Тудор, не крие дека е задоволен по ремито со Болоња во рамките на Серија „А“. „Ова е добар бод, солиден резултат на тежок стадион каде што секој има проблеми. Имавме многу повредени и суспендирани играчи но, се снајдовме добро“ – рече Тудор. „Создадовме шанси но, можеме да бидеме задоволни имајќи ги в предвид сите околности“ – рече тренерот на „Старата дама“ од Торино.

Read More