Author: dino

NBA

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, кој имаше лош натпревар против Оклахома, вели дека добрата одбрана во последната четвртина била пресудна за победа на неговиот тим која му донесе предност од 2-1 во второто коло од плејофот на НБА. Српскиот интернационалец мечот го заврши со скромни 20 кошеви, 16 скокови и шест асистенции а впечатливо беше што ги промаши сите десет обиди за тројка. „Бев најлошиот играч на теренот но, победивме и тоа е најважно. Промашив неколку отворени шутеви. Бев фрустриран, но се обидов да останам во играт и да ги правам сите други работи“ – рече Јокиќ.

Read More

Фудбалерот, Мохамед Салах, кој беше прогласен за играч на сезоната во Премиер-лигата, откри дека на времето немал добри релации со соиграчот во Ливерпул, Садио Мане, кој сега настапува за Ал Наср. „Вистина е дека имаше тензии меѓу мене и Мане, но, бевме професионалци до крајот и нашиот однос никако не влијаеше на тимот. Човечки е секогаш да сакате нешто повеќе, не бевме блиски“ – рече Салах. Репрезентативецот на Египет и црномурестиот напаѓач од Сенегал беа заедно во редовите на „црвените“ од  2017 до 2023 година.

Read More

Медиумите во Италија повторно шпекулираат дека екипата на Наполи ќе испрати понуда до фудбалерот,  Кевин де Брујн, кој во текот на летото ќе го напушти Манчестер Сити. Претходно беше објавено дека клубот од Серија А има намера да се обиде да го ангажира играчот од средниот ред. Наводно, двете страни го имале првиот контакт. Се очекува од понеделник италијанскиот тим да испрати официјална понуда до Белгиецот.

Read More

Играчот од средниот ред на Наполи, Скот Мектоминеј,  беше избран од страна на навивачите за најдобар фудбалер за месец април во Серија „А“.  Интернационалецот беше клучен во трите последователни победи на неговиот тим.  Тој во изборот за наградата ја доби битката со Асане Диао (Комо), Дан Ндој (Болоња), Јакоб Ондрејка (Парма), Николо Ровела (Лацио) и Матијас Шуле (Рома). Мектоминеј е првиот Шкотланѓанец кој ја освоил наградата за играч на месецот во Серија А.

Read More

Челниците на новиот шампион на Премиер- лигата, Ливерпул,  размислуваат да испратат понуда за дефанзивецот на  Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг. Според дел од медиумите, црномурестиот стопер ќе биде главна трансферна цел за „црвените“  во текот на летото.  Се проценува дека „фармацевтите“ ќе му дозволат на играчот да си замине доколку за неговиот потпис добијат најмалку 30 милиони евра.   24-годишниот фудбалер одигра 47 натпревари во сите конкуренции  постигнувајќи 4 гола и 12 асистенции.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се осврна на разочарувачката сезона на неговиот тим. „Граѓаните“ од поодамна ја загубија трката за титулата во Премиер лигата и паралелно беа елиминирани од Лигата на шампионите. Норвежанецот во сезонава во 40 мечеви постигна 30 гола и имаше 4 асистенции . „Секако дека можеме да најдеме изговори – многу повреди во лоши времиња но, на крајот не игравме доволно добро“ – беа дел од зборовите на Халанд.

Read More

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, откако ја надмина повредата на тетивата вели дека е среќен што ќе настапи на турнирот во Рим. „Тренинзите  беа одлични. Во добра форма сум, 100 проценти сум подготвен да го започнам турнирот. Не можев да играм во Мадрид. Тоа беше посебен турнир за мене… Направив мала пауза за да се обидам да се опоравам од повредата“ – рече Алкараз и се насочи кон враќањето на Јаник Синер кој одлежа суспензија. „ Очигледно беше тешко за него. Мислам дека нема подобро место за него да се врати отколку тука во неговиот дом во Рим“ – беа зборовите…

Read More
NBA

Поранешен тренер во кошаркарската НБА, Џорџ Карл, го искажа својот став кон модерната лига. „Загрижен сум за ситуацијата во лигата. Вклучени се премногу пари. Преминавме од натпреварувачки спорт во забавно шоу“ – рече Карл. „Кошарката не е создадена за милионери. Тоа беше игра за децата да научат соработка, натпреварување и тимска работа. Суштината на играта сега е разредена од приливот на шоумени“ – потенцираше Карл.

Read More
NBA

Главниот тренер на Вориорс, Стив Кер, го предупреди Дрејмон Грин, дека мора да биде внимателен откако на мечот со Минесота ја заработи петтата техничка грешка во сезонава. Кошаркарот на Голден Стејт  го удри со лакт во глава центарот Наз Рид. „Сега ќе мора да биде повнимателен. Тоа што го прави таков борец и победник понекогаш го води предалеку. Нашата работа е да му помогнеме да остане смирен… Понекогаш ја преминува границата“ – рече Кер. Грин на мечот постигна 9 поени, 4 скока, 5 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада.

Read More

Пауло Дибала кој беше подложен на операција на тетивата и ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, вели дека не размислувал за напуштање на тимот иако во изминатото лето имаше одлични понуди од Саудиска Арабија. „Нема да лажам, тоа се бројки што навистина ве тераат да размислите, се прашувате: „Што да правам?“, но, мислам дека има поважни работи. Вистината е дека сум многу среќен во Рим и моето семејство е исто така многу среќно“ – рече Дибала. „Тоа не се одлуки на една личност, понекогаш клубовите треба да донесуваат одлуки што се спротивни на принципите и идеите на…

Read More