Чендлер Персонс верува дека Ентони Едвардс ќе испише историја во екипата на Минесота иако според него, Кевин Гарнет, е најдобриот кошаркар што играл за Тимбервулвс. „Едвардс веќе чука на вратата.Тие би можеле да стигнат до финалето на конференцијата и тоа втор пат по ред. Тој им носи радост на навивачите со својата игра“ – рече Персонс. „Тој има неверојатни атлетски способности, напаѓачки вештини, харизма. Идеална опција за главна ѕвезда на тимот“ – рече поранешниот играч.
Author: dino
Центарот на Бостон, Кристапс Порзингис, не ја губи вербата дека неговиот тим може да ја добие серијата против Њујорк во плеј-офот во НБА лигата иако противникот има голема предност од 3-1 во победи. „Имаме многу талентирани играчи. Имаме доволно талент дури и без Тејтум, дури и ако играм 10 или 15 минути. Ги имаме вистинските момци. Покажавме дека можеме да играме навистина добра кошарка во такви услови“ – рече кошаркарот по ноќешниот пораз со 121:113. Порзингис помина на теренот 24 минути реализирајќи скромни 7 поени и 4 скока.
Познати се сите учесници на Европското ракометно првенство догодина во Скандинавија во Данска, Шведска и Норвешка. Покрај нашата репрезентација таму ќе бидат и Србија, Австрија, Полска, Романија, Италија, Швајцарија, Украина, Словенија, Хрватска, Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Исланд, Португалија, Холандија, Чешка, Германија, Грузија, Црна Гора, Шпанија, Ф.Острови и Холандија. Македонија в четврток ќе ги дознае противниците во групата. Според рејтингот, ние ќе бидеме извлечени од третиот шешир.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, веднаш по мечот со Литванија кој ни обезбеди виза за европското првенство влезе во соблекувалната и им ја честиташе големата победа на ракометарите. -Момци, честитки за пласманот на ЕП. Со среќа нека е, одигравме машки, борбено, храбро со срце, ја израдувавте цела нација“ – рече Стефанов. -Одигравме според очекуваното, сега ни следи Европското првенство. Само да продолжиме вака, имаме добар дух и енергија, дишеме како еден и посакувам сите да се радуваме заедно секоја година“ – изјави Стефанов пред играчите.
Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, изјави дека сите се заслужни за убедливата победа против Литванија и пласманот на континеталниот собир догодина. „Реков и претходно дека екипава заслужува да игра на ЕП. Пред овие две средби кажав дека очекуваме две убедливи победи, можеби тоа звучеше потценувачки, но верував во екипата, тоа го покажавме во Талин и сега во Скопје. Горд сум на екипата, сите треба да бидеме среќни, го дадоа максмумумот“ – рече Кузмановски. „Победата ја посветуваме и на тие што се повредени и не можеа да бидат со нас во завршните мечеви. Се надевам дека за европското ќе…
Ракометарот, Мартин Ивановски, кој имаше шанса да биде дел од големата победа против Литванија со која заминавме на Европското првенство во 2026-та, вели дека е пресреќен што добива шанса да настапува за Македонија. „Ова е голем чекор напред во мојата кариера. Неописливо е чувството да се игра за Македонија, пред ваква публика, многу сум благодарен и среќен.“ – рече Ивановски. „Знаевме што сакаме. Успеавме да дојдеме до победа“ – рече со насмевка на лицето Ивановски.
Нашиот ракометен голман, Мартин Tомовски, не го крие задоволството по убедливата победа против Литванија во последната квалификациска рунда за пласман на Европското првенство. Македонија на крајот како втора ќе замине на континеталниот собир. „Среќен сум што ја остваривме нашата цел да се пласираме на едно големо натпреварување. Чест и задоволство е секогаш да играм за Македонија, така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на сите за овој момент“- речe Томовски. „Добро е што здравствениот билтен е позитивен по овој меч. Сега малку ќе уживаме а потоа ќе се вратиме на клупските обврски“ – рече Томовски.
Селекторот на ракометарите, Кире Лазаров, испрати јавна честитка до неговите избраници по обезбедената убедлива победа против Литванија која не однесе на ново големо европско натпреварување. „Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Им реков дека ќе имаме голема поддршка во Скопје. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026“ – вели Лазаров. „Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Сега ќе играме со најдобрите во Европа. Знаете дека европското првенство е потешко од светското“ – рече нашиот селектор.
Нашите најдобри ракометари ја прегазија Литванија со 26-17 во преполниот СЦ „Јане Сандански“ и очекувано обезбедија место на Европското првенство во 2026 година. Иако започнавме лошо, во продолжението влеговме во победнички ритам и на крајот доминатно го завршивме мечот. Македонија на тој начин заедно со лидерот во групата, Словенија, си обезбеди место на уште едно големо меѓународно натпреварување. Во нашите редови се истакнаа Кузмановски и Серафимов со 5 голови додека голманот Томовски забележа 10 интервенции.
Голманот, Војчех Шчесни, кој се реактивираше на теренот во дресот на Барселона, може да остане и понатаму во шпанскиот фудбалски состав иако има договор само за една сезона. Тој беше ангажиран како замена за повредениот Марк Тер Штеген но, очигледно ги доби симпатиите на тренерот, Ханси Флик. „Тој е одличен голман и тоа е причината зошто е наш број еден во моментов. Клубот го знае мојот став. Јас сум среќен со него, секогаш е позитивен и мирен и тоа значи многу за екипата“ – рече Флик.
