Искусниот српски интернационалец, Илија Абутовиќ, ќе ја продолжи соработката со ракометниот состав Еурофарм Пелистер за уште една сезона. Поранешниот играч на Вардар во 2024 година се врати во Македонија и реши да го облече „зелено-белиот“ дрес. Корпулентниот ракометар со новиот договор ќе остане во Битола најмалку до 2026 година.
Author: dino
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по втор пат ќе биде дел од ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Дамите се во друштво на Австрија, Швајцарија, Летонија, Израел, Грузија, Луксембург, Фарски Острови и Исланд. Натпреварите ќе се одвиваат според т.н. „швајцарски систем“ односно ќе се играат по три турнири а еден ќе биде од 30 мај до 1 јуни во салата „Парк“ Струмица. Токму таму, селекторот Стефан Пауновиќ, утре ќе ја направи првата прозивка. На списокот има 20 репрезентативки. Поради краткиот период за подготовка, одбојкарките нема да одиграат контролни средби.
Наша машка одбојкарска репрезентација утре ќе стартува со подготовките за настапот во ЦЕВ Златната Европска лига 2025. Селекторот, Јошко Миленкоски, повика 16 репрезентативци а на првата прозивка ќе недостасува само Михајло Мирасчиев. Одбојкарите една недела ќе тренираат во салата „Парк“ во Струмица а потоа ќе заминат за Марибор. Таму на 24 и 25 мај ќе одиграат пријателски двомеч со селекцијата на Хрватска. Во годинешново издание на ЦЕВ Златната Европска лига покрај Македонија ќе се натпреваруваат и Чешка, Португалија, Романија, Финска, Хрватска, Грција, Шпанија, Летонија, Словачка, Црна Гора и Израел. Нашава земја ќе биде домаќин на еден од трите турнири и…
Дел од младите кошаркари кои ќе бидат во првата рунда на НБА драфтот, ги споделија своите мислења за играчите во лигата. Тие ги издвоија најпотценетите играчи во најсилната лига на светот. Егор Демин, го избра плејмејкерот на Детроит, Кејд Канингем. – Луѓето сè уште не разбираат колку е навистина добар Канингем, резонираше рускиот дефанзивец. Ејс Бејли се согласи со неговото мислење. Купер Флег го критикуваше Тајрис Халибартон: „Не го сакаат и го нарекуваат „преценет“, но, е многу добар кошаркар“.
Екипата на Комо која веројатно ќе се раздели со тренерот, Цеск Фабрегас, може да го ангажира на клупата Давиде Анчелоти, кој е помошник во Реал Мадрид, пишува весникот „Газета дело Спорт“. Според италијанскиот медиум, Шпанецот е на излезната врата од Комо и може да замине во Германија во Баер Леверкузен. Што се однесува пак до младиот Анчелоти, тој сака да започне соло кариера откако 12 години работеше во Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Баерн Минхен, Наполи и Евертон.
Медиумите во Италија, тврдат дека Наполи испратил понуда од 35 милиони евра плус пет како бонуси за фудбалерот на Шахтјор Донецк, Георги Судаков. Калчо-тимот за наредната сезона во Лигата на шампионите сака да го засили средниот ред а изборот паднал токму на Судаков. Наполитанците им понудија на Украинците и одреден процент од наредниот трансфер што ќе го направи фудбалерот.
Англискиот елитен состав, Манчестер Сити, планира во текот на летото да го обезбеди потписот на младиот, фудбалер,Тијани Рајндерс. Според одредени наводи, „граѓаните“ веќе исконтактирале со Милан за играчот од средниот ред. Холанѓанецот со 10 гола во Серија А се наоѓа веднаш зад Кристијан Пулишиќ.
Поранешниот спортски директор на Манчестер Јунајтед, Ден Ешфорт, започнува со работа во Фудбалската асоцијација на Англија. Тој ќе биде одговорен за елитните машки и женски тимови и ќе го надгледува развојот на локалните тренери. Тоа е голем проблем за островјаните бидејќи во моментов има само двајца менаџери англичани што работат во Премиер лигата
Олимпискиот шампион во борење, Кајл Снајдер, еден од најуспешните во историјата на САД, бил приведен во полициска рација поради проституција, соопшти полицијата во Колумбус. 29-годишникот стана најмладиот американски борач кој освои златен медал на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година а потоа освои и сребро на Игрите во Токио. Снајдер на минатогодишните Олимписки игри во Париз загуби во меч за бронза.
Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети, се наврати на елиминацијата на Барселона и пласманот во големото финале во Лигата на шампионите. Италијанците сега ги чека битка со ПСЖ за европскиот трон. „Кога Барса направи пресврт во реваншот и поведе со 3-2, сите мислеа дека натпреварот ќе заврши така. Сепак, тимот покажа срце и играше со самодоверба до крајот. Така дојде голот на Франческо Ачерби“ – рече Занети. „Јан Зомер се претстави многу добро и направи неверојатни одбрани. Постојат играчи кои се на вистинско место во вистинско време. Токму тоа се случи со Ачерби“ – рече Аргентинецот.
