Кошаркарот на Кливленд, Донован Мичел, ја коментираше елиминацијата на тимот во плеј-офот во НБА. Популарните Кавси загубија од Индијана со убедливи 4-1. „Имавме ментални застои. Тие го искористија тоа. Таквите моменти можат да ја променат целата серија. Ја губите првата игра и станува потешко“ – рече Мичел. „Направивме чекор во вистинска насока но, не го освоивме првенството и не ја постигнавме нашата крајна цел“ – беа дел од зборовите на Мичел
Author: dino
Денеска во Министерството за спорт беше реализирана средба со новинарите по повод ново формираната ММА Федерација и големиот турнир во борби што ќе се одржи на 6. септември во Скопје. „Ова ќе биде голем инвент. Македонските шампиони во континуите се подготвуваат и верувам дека ќе покажат квалитет. Очекуваме да дојдат врвни борци од ММА. Ја имаме поддршката од Министерството за спорт. Допрва ќе решиме во која сала ќе бидат борбите. Настанот ќе биде емитуван и на Арена ФАЈТ“ – изјави Ивица Алексовски, претседател на Македонската ММА федерација. Министерот за спорт, Борко Ристовски, меѓу другото рече дека ќе помогне да се…
Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, ги процени шансите на тимот да заврши на 4-то место во Серија А. Неговите фудбалери вчера загубија во Бергамо кај Аталанта со 2-1 и ја прекинаа одличната серија. „Знаевме дека се мајстори за интензивен фудбал, затоа ја освоија Лигата на Европа. Не знам дали сè уште имаме шанси за четвртото место но, ќе се бориме до крај“- рече тренерот на „римската волчица“. Во последните две кола, Јувентус, Лацио, Рома и Болоња, ќе се борат за последното место што носи пласман во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26.
Фудбалерите на Аталанта доцна синоќа ја совладаа Рома со 2:1 и обезбедија место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Нивниот тренер, Џан Пјеро Гасперини, изјави дека тоа е големо достигнување за тимот од Бергамо. „Точно е дека пред неколку недели бевме рамо до рамо со Интер и Наполи во борбата за титулата но, нашата главна цел отсекогаш беше пласман во топ 4“ – рече Гасперини. Аталанта со четири победи во последните пет мечеви успеа да ја исполни целта.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по лошата сезона во Премиер-лигата, вели дека има план како да го врати клубот на шампионските патеки во Англија. „Имам јасно чувство дека знам што му е потребно на тимот за да биде многу подобар. Тоа ми помогна да го одржам моето ниво“ – рече Аморим. „Црвените ѓаволи“ ќе имаат шанса со трофеј да ја завршат сезоната бидејќи ги очекува финале во Лига Европа против Тотенхем на 21 мај.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, сака да направи трансфер во Наполи. Тој побарал да разговара со тренерот на италијанскиот тим, Антонио Конте. Според одредени најави, калчо-лигашот е подготвен да му понуди на Белгиецот договор за две години. Во целата ситуација единствен проблем може да биде неговата висока плата што ја добива во Англија. Играчот од средниот ред на „граѓаните“ ќе биде слободен по 30 јуни кога ќе му истече договорот.
Ирина Сабаленка, се пошегува за тоа како храната влијае на нејзината игра. Тенисерката која е број еден во светот, вчера ја победи Марта Костјук во четвртото коло во Рим и денеска ќе има слободен ден. „Секако, ќе вежбам малку но, главниот дел е вечерата, тестенини и пица. Вчера не ги изедов моите омилени тестенини – веројатно затоа не играв баш најдобро“ – рече со насмевка тенисерката од Белорусија. Таа во наредното коло ќе игра со Кинвен Женг од Кина.
Јаник Синнер кој одлежа казна за допинг, зборуваше како се чувствува на првиот турнир по враќањето во светот на тенисот. Лидерот на АТП листата вчера го победи Јеспер де Јонг и влезе во четвртото коло на Мастерсот во Рим. „Ја користам секоја шанса да одиграм уште еден добар меч. Задоволен сум како се одвиваат работите. Гледам дека има напредок, тука одиграв веќе три меча“ – рече Италијанецот.
Грчкиот кошаркарски состав Олимпијакос кој го очекува завршниот фајнал-фор во Евролигата, го пикирал плеј-мејкерот, Тајсон Ворд. 27-годишниот бек кој доаѓа од САД, имаше две одлични сезони во Европа во дресот на Париз. Тој ја заврши сезоната во Евро-лигата со просек од 11 поени и 4,9 скока. Одредени шпекулации велат дека Олимпијакос е подготвен да го купи во догледно време.
Светскиот шампион во Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев, вели дека Оскар Пјастри е фаворизиран од стјуардите во споредба со Макс Верстапен. „Сите го сакаат Пјастри. Ако нешто се случи, стјуардите нема да го казнат толку лесно како Макс Верстапен. Тоа е од голема помош во борбата за титулата“ – рече Вилнев. „Ме потсетува на времето кога Луис Хамилтон и Нико Розберг се бореа за титулата“ –потенцираше поранешниот шампион во Ф1.
