Д-р Лу Сословски, основач и директор на Истражувачкиот центар за Ахилова тетива на Универзитетот во Пенсилванија, истакна неколку важни карактеристики во медицинскиот случај на кошаркарот, Џејсон Тејтум. „Толку брза операција не е типична дури ниту за професионален спортист или јавна личност, тоа е навистина редок случај. Тоа е одлично. – рече докторот. „Ако користите конзервативен пристап, рехабилитацијата обично трае 12 месеци, затоа има повеќе смисла да прескокнете една сезона и да се вратите во оптимална форма“ – нагласи Сословски.
Author: dino
Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае противниците за групната фаза на Европското првенство догодина во Данска, Норвешка и Шведска закажано од 15 јануари до 1 февруари. Составувањето на групите ќе се направи доцна вечер од 19.00 часот во данскиот град Хернинг. Еве како се сместени репрезентациите според рејтингот.1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови3: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија Групната фаза ќе се одигра во Хернинг – Данска, Осло -Норвешка и Малме и Кристијанштад – Шведска. Главната рунда ќе се одржи во Хернинг…
Управата на италијанскиот прволигаш, Комо, објави дека тренерот Сеск Фабрегас нема да замине и дека ќе продолжи да го води тимот. На тој начин прекинуваат сите шпекулации дека Шпанецот може да замине во германскиот Баер Леверкузен. Комо во сезонава бележи солидни резултати и успеа да се задржи во горниот дел во Серија „А“. Во исто време и навивачите на Комо преку социјалните мрежи побараа од управата да го задржи Фабрегас.
Маурицио Сканавино, кој е извршен директор на Јувентус, ја потврди разделбата со Франческо Калво кој ќе го напушти клубот бидејќи треба да биде назначен за извршен директор на Астон Вила. „Тој изрази желба да се соочи со нови професионални предизвици. Закажавме состанок за да му овозможиме да заврши значајни комерцијални и институционални обврски“ – изјави Сканавино. Тој исто така увери дека клубот продолжува да има доверба во спортскиот директор, Кристијано Џунтоли, иако „старата дама“ има лоша сезона.
Тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, Стив Кер, верува дека генералниот менаџер на клубот, Мајк Данливи, може да направи добра селекција во текот на летото. Популарните „воини“ не успеаја да останат во трката за шампионскиот пехар во НБА лигата откако во текот на ноќта загубија од Минесота и беа елиминирани со вкупни 4-1. „Мајк е супер-ѕвезда. Неговата работа во последниве неколку години е импресивна. Имам целосна доверба во неговата способност да ни помогне да се подобриме во текот на летото“ – рече Кер.
Атланта бара претседател за кошаркарски операции. Клубот има намера да ја пополни позицијата со елитен и искусен менаџер. Една од целите е 54-годишниот специјалист, Масаи Оџири, кој работи за канадскиот клуб – Торонто од сезоната 2013/14. Засега нема информации дали Оџири ќе прифати да се пресели во САД.
Тенисерот, Лоренцо Мусети, ќе игра во полуфиналето на третиот Мастерс по ред. Италијанецот во четвртфиналето на турнирот во Рим, го победи вториот светски рекет, Александар Зверев. Мусети победи противник од првите двајца на АТП по втор пат во својата кариера. Претходно, неговата единствена победа беше во 2023 година на Мастерсот во Монте Карло, кога го победи светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ. Вкупно, 23-годишниот Италијанец стигна до своето 20-то полуфинале во кариерата. Тој од понеделник ќе се искачи на ранг-листата за најмалку една позиција.
Фудбалерот, Ерик Даер, ќе ја продолжи кариерата во француското првенство. Дефанзивецот го напушта Баерн Минхен како слободен агент. Во исто време Монако објави дека потпишал тригодишен договор со Англичанецот. Даер во последната сезона во Бундес-лигата одигра 35 натпревари и постигна два гола. Даер досега во својата кариера има играно за Спортинг, потоа една деценија беше дел од тимот на Тотенхем a последниве две сезони го носеше дресот на Баварскиот гигант.
Карло Анчелоти потврди дека на 26 мај ќе го напушти Реал Мадрид и дека ќе замине во Рио Де Женеиро за да ја започне својата нова улога со петкратниот светски шампион – Бразил. „Секогаш кога сум седел на клупата на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“, тоа било посебно за мене“, рече италијанскиот тренер по вчерашната победа против Мајорка во Примера Дивизион. „Си одам со мир во душата и со сознанието дека го направив тоа што морав и дека мојот тим секогаш се обидува да победи до последен момент“ – рече трофејниот стратег кој во иднина ќе ја води селекцијата на…
Германскиот фудбалски состав Лајпциг ќе го стави Чави Симон на летната трансфер-листа, објавија денеска дел од медиумите. Неговата цена на пазарот ќе биде 80 милиони евра. Претходно имаше информација дека 22-годишниот играч од средниот ред би сакал да го напушти клуб и да побара нов предизвик. Холанѓанецот во сезонава одигра 24 натпревари во Бундеслигата, постигна 9 гола и имаше 7 асистенции. Симонс претходно беше купен од францускиот ПСЖ за 50 милиони евра.
