Author: dino

NBA

Кошаркарот на Оклахома, Џејлен Вилијамс, ќе мора да плати казна од 25.000 долари поради „носење облека со непристоен текст“ на неговата прес-конференција по победата против  Денвер во седмиот натпревар од плејофот во НБА лигата. Вилијамс не употреби вулгарности додека разговараше со новинарите, но,  беше критикуван за натписот на неговата маица. Играчот кој има 24 години, во елиминацискиот дел има просек од 19,6 поени. Вилијамс на мечот со Денвер забележа 24 поени, 5 скока и 7 асистенции.

Read More

Игор Стојчевски од Скопје ќе го суди финалето на Купот меѓу Вардар и Струга Трим Лум кое ќе биде реализирано в среда на 21 мај од 20.00 часот на Арената во Скопје. Негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски (Тетово) и Мартин Петковски (Куманово) додека улогата на четврти судија ќе ја има Јован Качевски (Струга). Во ВАР-собата ќе има судии од Србија кои биле дел и од Лигата на шампионите.  Тоа се Новак Симовиќ (Нови Сад) и Урош Стојковиќ (Белград). Делегат ќе биде Игор Франгоски (Скопје) а контролор е Зоран Николовски (Скопје).

Read More

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, најави дека има големи шанси да го напушти тимот на крајот на сезоната. Светскиот шампион по победата против Тотенхем се појави на стадионот – „Вила Парк“  за да се поздрави со навивачите. Тој во 2020 го напушти Арсенал и се пресели во составот од Бирмингем. Според аргентинскиот телевизиски канал „DSports“, Маринес добил понуди од Манчестер Јунајтед и Барселона. Згора на тоа има и примамлива понуда од Саудиска Арабија.

Read More

Манчестер Јунајтед е на чекор да го обезбеди потписот на бразилскиот фудбалер, Матеус Куња од екипата на Вулверхемптон. Офанзивниот играч од средниот ред ја прифатил понудата на „црвените ѓаволи“ за да се пресели на стадионот – „Олд Трафорд“. Сега останува челниците на двата тима да ја договорат трансферната сума иако играчот има ослободителна клаузула од 62 милиони фунти. Според најавите, Јунајтед ќе плати нешто повеќе но, тоа ќе биде на рати за да се испочитува финансискиот фер-плеј.

Read More

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, кој пред две години победи на  АТП Челинџер турнирот – „Macedonian Open“, повторно ќе биде нашиот главен адут на терените на ТК Југ. „ Мило ми е што повторно сум тука, што ќе играм во Скопје. Секако е чест да се игра пред домашна публика. Добро се познавам со мојот утрешен ривал Пољичак, тренираме во ист клуб. Мислам дека сум добро подготвен но, едно знам, дека утре ќе има добар тенис“ – изјави Ивановски на денешната прес-конференција.Ивановски е единствениот македонски тенисер на главниот турнир. Тој во првото коло ќе игра со Хрватот, Мили Пољичак, кој…

Read More

Претседателот на македонската федерација, Александар Ивановски, на денешната прес конференција по повод АТП Челинџерот „Macedonian Open“, изјави дека турнирот претставува можност за напредок на АТП листата на сите присутни тенисери. „Целта на турнирот е да имаме квалитени играчи и добри мечеви. Турнирот е се посилен а воедно е микс и на млади играчи кои се желни за докажување како и искусни играчи “ – рече Ивановски. „Внимание привлекува носителот број 1 Хуго Делиен од Боливија, со најдобар ранг во ТОП 60 и кој имаше настап претходната недела на Мастерсот 1000 во Рим а фигурира и на листата учесници на Ролан…

Read More

Хенрих Мхитарјан од Интер може да стане првиот фудбалер што освоил пехар во сите три клупски натпреварувања на УЕФА доколку неговиот тим триумфира против ПСЖ во финалето во Лигата на шампионите во Минхен. 36-годишниот интернационалец од Ерменија ја освои Лигата на Европа како играч на Манчестер Јунајтед во сезоната 2016/17 и беше во тимот на Рома што ја освои Лигата на конференции во сезоната 2021/22. Мхитаријан за да го постигне рекордот ќе мора да се појави на теренот против Французите.

Read More

Интер одлучи да не дава никакви изјави во знак на протест против судењето на мечот со Лацио кој заврши 2-2 со што драстично се намалија шансите на „нероаѕурите“ да ја освојат титулата во Серија „А. Пеналот со кој гостите израмнија во 90-тата минута предизвика вистински скандал а двајцата тренери, Симоне Инзаги и Марко Барони, беа исклучени од главниот судија Даниеле Чифи. Потоа ниту Симоне Инзаги, ниту играчите, ниту раководството не сакаа да проговорат пред новинарите! „Ова е нешто невидено во последниве години“, забележува италијанскиот весник Газета Дело Спорт.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, не крие дека е разочаран од ефектот во сезонава која завршува. Неговиот тим петта година по ред не успеа да освои трофеј во ниту една конкуренција. „Несреќни сме и разочарани но, мислам дека сме на вистинскиот пат. Можам да ветам дека ќе направам сè за да го извлечам најдоброто од фудбалерите“- рече Шпанецот. „Мора да започнеме да создаваме  историја тука, на нашиот стадион“ – рече Артета.

Read More

Ливерпул и Борнмаут влегле во напредни преговoри за  трансфер на левиот бек Милош Керкес, велат последните информации од Англија. „Црвените“ ги договориле личните услови со 21-годишниот унгарски репрезентативец. Се претпоставува дека Борнмаут бара околу 45 милиони фунти за Керкез. Ливерпул потврди дека Џереми Фримпонг денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор со клубот.

Read More