Author: dino

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на својата седница донесе одлуки и отвори постапки за следните случаи: Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години; Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години; Забрани за настап:-  Енес Дервиши (ФК Гостивар) – забрана за настап на натпревари во времетраење од 1 месец;-  -Фабрице Тамба (ФК Шкендија) – забрана за настап на 1 натпревар;-  Димитриј Попоски (ФК Брегалница) – забрана за настап на 1 натпревар;-  Дамјан Серафимов (ФК Брегалница) – забрана за настап на 2 натпревари; Поведени…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари. Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти. „Како Фудбалска федерација имаме одговорност не само кон играта туку и кон сите кои се дел од неа – фудбалерите, навивачите, клубовите и општеството. Оваа соработка претставува важен…

Read More

Италијанските медиуми наведуваат дека Џан Пјеро Гасперини би можел да го продолжи договорот со Аталанта. Фабрицио Романо објави дека клубот од Бергамо му понудил на главниот тренер нов договор до крајот на сезоната 2026/27 . Иако имаше најави дека Гасперини ќе го напушти клубот од Серија „А“, сега веројатно работите ќе се променат. Екипата од Бергамо на едно коло пред крајот на сезоната си обезбеди место во топ 3 во Калчо-лигата. Тоа значи дека од септември ќе настапува во Лигата на шампионите.

Read More

Фудбалерот на Наполи, Алесандро Бонџорно, изјави дека никој не очекувал неговиот тим да биде на врвот на табелата на едно коло пред крајот на сезоната. „Серија А ни покажа дека нема лесни натпревари. Тренерот постојано изјавуваше дека целта е да се квалификуваме меѓу првите 4 и да играме во Лигата на шампионите“ – изјави фудбалерот. „Никој не очекуваше да бидеме на врвот на табелата. Сега ни треба уште еден последен спринт за да ја запечатиме одличнава сезона“ – потенцираше дефанзивецот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не крие дека е задоволен по вчерашната победа против Бурнмаут со 3 спрема 1 во претпоследното коло во Премиер лигата. Со тој триумф неговиот состав остана во конкуренција да обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона. За тоа да се случи, мора да се освои најмалку еден бод на мечот со Фулам. „Во последното коло имаме силен противник. Одиме таму за победа, за бодот што ни е потребен за да играме во Лигата на шампионите“ – потенцираше Гвардиола.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, кој на крајот на сезоната ќе ги напушти „граѓаните“,  вели дека имал незаборавни десет сезони во дресот на англискиот елитен состав.   „Малку е чудно. Мислам дека многу се забавувавме во овие 10 години. Понекогаш победуваш, понекогаш губи. Беше убаво да се работи толку напорно и да се направи клубот многу подобар отколку што беше порано. Многу сум горд“, рече Белгиецот. „Верувам дека животот и кариерата се патување. Имало многу подеми и падови. Уживав во секој момент неизмерно и научив од тешките времиња“ – заклучи Де Бруин.

Read More

Советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, јавно го пофали Макс Верстапен кој на патеката во Имола ја забележа втората сезонска победа во Формула 1 шампионатот. Тој не крие дека е задоволен од перформансите на возилата. „Имавме проблеми цела година но, во Имола нашиот болид конечно повторно беше на ниво. За Макс беше важно да види дека сите сме обединети и дека работиме со максимална посветеност“ – рече Марко. „ Стратегијата, поставеноста на болидот, перформансите, сè беше одлично. Се претставивме подобро од Мекларен“ – беа дел од зборовите на советникот на Ред Бул.

Read More

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, признава дека во последниве месеци ја нема посакуваната форма. „Ова е ново поглавје во мојот живот. Се обидувам да ги прифатам околностите. Не сум навикнат на порази (Монте Карло и Мадрид). Мислам дека тоа не ми се случило во последните 20 години. Знаев дека таков момент може да дојде“ – рече Ѓоковиќ. „Кога се натпреварувам, сакам да го дадам својот максимум. Можеби повеќе не можам да играм постојано на исто ниво“ – рече поранешниот број еден на АТП листата.

Read More
NBA

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, вели дека не е задоволен од неговата игра на дуелот со Оклахома. Неговиот тим загуби со 114:88 а бекот го заврши мечот со 18 поени и 9 скока. Неговиот настап веројатно беше под влијание и на повредата на глуждот што ја заработи кон крајот на првата четвртина. „Дефинитивно треба да шутирам повеќе, исто така треба да дејствуваме почесто без топка. Тие постојано се удвојуваат и ги блокираат линиите“ – рече Едвардс. „Треба да ги погледнеме снимките и точно да разбереме како да продолжиме. Мораме да најдеме решение за нивната игра“ – рече кошаркарот на Минесота.

Read More

Дуелот меѓу ракометарите на Вардар и Алкалоид ќе го отвори завршниот турнир од Купот на Македонија додека во вториот полуфинален меч ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и организаторот Охрид. Средбите ќе се одиграат на 31 мај и 1 јуни во спортската сала – „Билјанини извори“. Алкaлoид е бранител на трофејот. Ракометарките завршницата од Купот ќе ја имаат во Радовиш на 30 и 31 мај. Во полуфиналните мечеви Вардар ќе игра со Ѓорче Петров а Чаир ќе излезе на мегдан со Металург.

Read More