Кошаркарот на Минесота, Руди Гобер, очекува далеку подобра игра на вториот меч против Оклахома во конференциското финале. Тој направи два прекршока во раната фаза и во продолжението мораше да седи повеќе на клупата. „Првиот фаул дефинитивно беше моја грешка. Треба да бидам повнимателен и да не го разочарам тимот. Морам да помогнам да доминираме на двете страни од теренот“ – рече Гобер. „Не смееме да се опуштиме. Оклахома нè принудува да преминеме на едноставна, здодевна игра. Тешко е да се пробие во рекетот“ – сподели центарот на Минесота.
Author: dino
Финалистот од Лигата на шампионите, Интер, активно се обидува да пронајде замена за играчот од средниот ред, Хенрик Мхитарјан. Главна опција за „нероаѕурите“ е Фермин Лопез од Барселона. Според наведеното од страна на „Калчомекато“, италијанците се подготвен да понудат 60 милиони евра за тинејџерот на Барса. Што се однесува до Мхитарјан, тој игра за Интер од 2022 година. Во сезонава на 48 натпревари има 1 гол и 5 асистенции.
Серија А ги објави кандидатите за индивидуалните награди на крајот од сезоната. Најдобриот фудбалер на првенството ќе биде прогласен на 23 мај. Еве ги номинираните по категории: Најдобар голман: Давид Де Геа (Фиорентина), Вања Милинковиќ-Савиќ (Торино), Миле Свилар (Рома). Најдобар дефанзивец: Алесандро Бастони (Интер), Алесандро Бонџорно (Наполи), Нуно Таварес (Лацио). Најдобар играч за врска: Николо Барела (Интер), Скот Мектоминај (Наполи), Тиџани Рајндерс (Милан). Најдобар напаѓач: Мојс Кин (Фиорентина), Рикардо Орсолини (Болоња), Матео Ретеги (Аталанта). Најдобар играч до 23 години: Себастиано Еспосито (Емполи), Нико Паз (Комо), Кенан Јилдиз (Јувентус)
Фудбалската асоцијација на Англија поведе постапка против Вест Хем и Нотингем Форест за инцидентот што се случи во текот на викендот на нивниот дуел од 37-то коло од Премиер лигата. Иако во целиот случај главниот судија, Сем Барот, не исклучи ниту еден играч, туку им покажа жолти картони на Муриљо и Фелипе Мората од Нотингем и на Алварез и Карлос Солер од Вест Хем, ФА веројатно ќе санкционира дел од играчите. Двата клуба имаат рок до 23 мај да одговорат на обвиненијата.
Џејми Варди кој ќе го напушти Лестер на крајот на сезоната, има реални шанси да остане во елитанта фудбалска конкуренција на Англија. Според дел од медиумите, 38-годишниот напаѓач може да добие понуда да го облече дресот на Кристал Палас. Варди во сезонава одигра 35 натпревари во Премиер лигата, постигна 9 гола и имаше 4 асистенции. Ветеранот беше дел од легендарниот состав на „лисиците“ кој ја освои сензационално премиер Лигата во сезоната 2015/16.
Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер ја доби наградата за најкорисен играч (MВП). Најдобриот стрелец во сезоната доби предност пред Србинот, Никола Јокиќ. Канаѓанецот ја предводеше Оклахома до најдобриот ефект во лигата и до финалето на Западот. Бекот е вториот канадски кошаркар по Стив Неш кој ја добил наградата за најкорисен играч. Треба да се напомене дека и седма сезона по ред наградата ја освојува играч кој не потекнува од САД.
Кошаркарите на Индијана со победа ја отворија финалната серија во Источната конференција во НБА лигата. Тие во арената „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк го совладаа домашниот тим во продолжение со 138:135. Прв поентер на натпреварот беше плејмејкерот на Никс, Џејлен Бренсон кој постигна 43 поени, еден скок и пет асистенции. Неговиот соиграч, центарот Таунс имаше дабл-дабл со 35 поени и 12 скока. Најдобар играч на Индијана беше плејмејкерот Тајрис Халибартон , со 31 поен, 11 асистенции и четири скока. Вториот натпревар од полуфиналната серија на плејофот во НБА исто така ќе се одржи во Њујорк на 24 мај.
Тенисерот, Александар Зверев, откако загуби од Александар Милер во второто коло во Хамбург, откри дека пред мечот имал здравствени проблеми. „Синоќа имав температура 39,4 степени. Мислам дека само двајца играчи во светот би излегле на теренот во таква состојба. Јас сум еден од нив. Генерално, горд сум на тоа. Бев на два поена до победа“ – рече Зверев. „Тој одигра многу добар, конзистентен натпревар. Во еден момент увиде дека не се чувствувам добро и почна да ги влече потезите. Секако, тоа беше паметна одлука од негова страна“ – рече Зверев
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на својата седница донесе одлуки и отвори постапки за следните случаи: Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години; Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години; Забрани за настап:- Енес Дервиши (ФК Гостивар) – забрана за настап на натпревари во времетраење од 1 месец;- -Фабрице Тамба (ФК Шкендија) – забрана за настап на 1 натпревар;- Димитриј Попоски (ФК Брегалница) – забрана за настап на 1 натпревар;- Дамјан Серафимов (ФК Брегалница) – забрана за настап на 2 натпревари; Поведени…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари. Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти. „Како Фудбалска федерација имаме одговорност не само кон играта туку и кон сите кои се дел од неа – фудбалерите, навивачите, клубовите и општеството. Оваа соработка претставува важен…
