Author: dino

Менаџерот, Енцо Мареска, им возврати на критичарите на Челзи откако „сините“ обезбедија место во Лигата на шампионите по триумфот кај Нотингем Форест. „Не се сомневав во фудбалерите.  Сите велеа дека сме премногу млади, дека не сме доволно добри, дека чекаат Астон Вила да изгуби бодови за да можеме да се квалификуваме за Лигата на шампионите“ – рече Мареска. „За жал за нив, сите грешеа затоа што играчите го заслужуваат тоа. Напорите што ги вложија се фантастични“, рече тренерот на лондончани.

Read More

Возачот на Априлиа, Марко Безеки, кој направи голема победа на патеката – Силверстон во трката во Мото Гран При, вели дека е тоа резултат на напорната работа во тимот. „Па, секако дека сум горд, среќен сум. Мислам дека целата фабрика треба да биде горда. Како што реков неколку пати, не беше лесен период за нив со повредата на Хорхе, тој е сè уште светски шампион“ – рече Италијанецот „Не ги променив моите цели или мојот начин на размислување. Само знаев дека ќе биде потребно време и многу работа“ – објасни возачот во Мото ГП.

Read More
NBA

Њујорк победи со 106:100 во третиот натпревар од серијата со Индијана во финалето на Источната конференција на НБА. Популарните Никси сега ја намалија предноста на противникот на 2-1 во победи. Пејсерси иако имаа предност и од 20 коешви, на крајот го загубија мечот. Во победничкиот тим се издвоија Карл-Ентони Таунс со 24 кошеви и 15 скокови додека Џејлен Брансон застана на 23 поени. За домашниот тим, Тајрис Халибартон постига 20 поени, а Мајлс Тарнер имаше 19. Четвртиот меч ќе биде одигран по два дена исто така на теренот на Индијана.

Read More

Ракометниот состав на Алкалоид преку социјалните мрежи упати благодарност до сите што дојдоа вчера во СЦ Борис Трајковски да му дадат поддршка на нашиот тим против АЕК во финалето на Европскиот Куп. Во очекување на одлуката на ЕХФ за неодиграниот меч откако гостите од Грција одлучија да не се појават на теренот, нашиот состав излезе со посебна објава.„Почитувана публико… ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ за Вашата поддршка која ни ја дадовте во СЦ „Борис Трајковски“. Беше убаво да се видат полни трибини, како во еден глас навиваат за нашиот клуб и даваат поддршка. За жал, не по наша вина, финалниот натпревар со РК…

Read More
NBA

Откако Шеј –Александар од Оклахома беше прогласен за најкорисен играч во сезонава во кошаркарската НБА лига, започнаа да пристигнуваат реакции од сите страни. Канаѓанецот ја доби битката со големиот ривал од Денвер, Никола Јокиќ а тоа ја изненади ѕвездата на Милвоки,Јанис Антетокунбо. „Што?! нема шанси тоа да е вистина?!“ , напиша Гркот на социјалните мрежи. Шеј беше рангиран на првото место со 913 поени додека Јокиќ имаше 787.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, пред стартот на Ф4 турнирот во Евро-лигата во Абу Даби и мечот со Панатинаикос, наглaси дека ќе победи подoбриот состав. „Се надевам дека ќе започнеме подобро а не како во Берлин. Таква ситуација не следи во последниве две години, се надевам дека тоа ќе ни помогне“ – рече Јасикевичиус. „Мораме да бидеме подобри отколку што бевме во Берлин. Само така може да очекуваме успех“ –  потенцираше литванскиот специјалист кој неколку пати алудираше на поразот од Грците во минатогодишното полуфинале на турнирот во Германија.

Read More

Мирван Суварсо, претседател на фудбалскиот состав Комо, зборуваше за минатото и сегашноста на калчо-лигашот. „Има нешто магично во ова искуство. Кога пристигнавме, не сонувавме да станеме толку голема организација и да влеземе во Серија А. Сега сме тука и чувствуваме дека ја заработивме нејзината доверба. Се надеваме дека ќе продолжиме со сонот што е можно подолго“ – рече Суварсо. „Гледајќи назад, можеби најсилното сеќавање е промоцијата во Серија Б за време на Ковид кога сите беа принудени да останат дома а натпреварите се играа на празни стадиони“ – рече првиот човек на Комо.

Read More

Легендарниот, Рој Кин, се насочи кон успехот на Тотенхем. Популарните „спарси“ со победата во финалето на Лига Европа конечно се израдуваа на трофеј по цели 17 години. „Тотенхем во сезонава освои повеќе пехари од Арсенал. Во споредба со другите клубови, тие беа премногу критикувани во последните неколку години. Сите велеа дека имаат одличен стадион, но, главната работа е да освојуваат трофеи“ – рече Кин, „Сега можат да го допрат пехарот и навистина да уживаат во него. Кога играчите ќе се вратат за наредната сезона, ќе знаат дека се во Лигата на шампионите и тоа ќе има фантастичен ефект врз клубот“…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, проговори за можноста за заминување од „Олд Трафорд“. Претходно беше објавено дека екипата на  Ал-Хилал од Саудиска Арабија е заинтересирана за потписот на португалскиот играч од средниот ред. „Ќе останам сè додека клубот не каже дека е време да си заминам. Ако клубот одлучи дека е време да се разделиме затоа што сака да заработи пари, нека биде така, понекогаш тоа се случува“ – рече Фернандеш.

Read More
NBA

Кошаркарот на Индијана, Тајрис Халибартон, го наведува изворот на успехот на Пејсерси во НБА лигата. „Одлуката да се задржи поголемиот дел од нашиот тим беше исклучително значајна. Поминавме низ многу работи заедно. Горд сум на нив. Строго го следиме нашиот стил на игра, нашиот идентитет. Со агресивен напад ги исцрпуваме противниците во текот на сите 48 минути “ – рече Халибартон. Тој на првиот меч на теренот на Њујорк имаше 31 поен и 11 асистенции а неговиот тим победи во продолжение со што дојде до предност од 1-0 во финалето на Источната конференција .

Read More