Возачот на Априлиа, Марко Безеки, кој направи голема победа на патеката – Силверстон во трката во Мото Гран При, вели дека е тоа резултат на напорната работа во тимот.
„Па, секако дека сум горд, среќен сум. Мислам дека целата фабрика треба да биде горда. Како што реков неколку пати, не беше лесен период за нив со повредата на Хорхе, тој е сè уште светски шампион“ – рече Италијанецот
„Не ги променив моите цели или мојот начин на размислување. Само знаев дека ќе биде потребно време и многу работа“ – објасни возачот во Мото ГП.

