Author: dino

Селекторот на фудбалерите, Благоја Милевски, на средба со новинарите го објави списокот на репрезентативци за мечевите со Белгија и Казахстан во квалификациите за Мундијалот во 2026. „Во однос на списокот, во најголем дел е истиот од претходниот, имаме еден дебитант, односно повикан е Стефан Деспотовски. За жал не можеме да ги имаме Дарко Велковски, Никола Серафимов и Лирим Ќамили кои се повредени а под знак прашалник се Алими, Димоски и Миовски, за кои се надевам дека лекарскиот тим ќе ги оспособи да се стават во функција на тимот“ –рече Милевски. „ Белгија ни е прв противник и цел фокус ни…

Read More

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, го објави списокот за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот во 2026 година. Македонија на 6 јуни ќе ја пречека селекцијата на Белгија додека три дена подоцна ќе гостува кај Казахстан. Избраниците на Милевски во првите две кола славеа на гостувањето кај Лихтенштајн со 3:0 и одиграа дома нерешено со Велс 1:1. Белгија допрва ќе стартува во квалификациите додека Казахстан има пораз од Велшаните и победа против Лихтенштајн.

Read More

Џан Пјеро Гасперини и официјално заминува од Аталанта. Тој ќе се повлече од функцијата тренер на тимот, како што неколкупати и најави во текот на минатата сезона. Новинарот Матео Морето, пишува дека 67-годишниот стратег за својата одлука го информирал и раководството на клубот. Во моментов Гасперини е во преговори со Рома. Клубот сака да му понуди на тренерот договор на 3 години, а Гасперини наводно се согласил на понудените услови. Рома сака врз Гасперини да го изгради тимот кој оваа сезона Клаудио Раниери успеа да го донесе кон самиот врв на табелата во Серија А.

Read More

Европската ракометна федерација денеска потврди дека започнува дисциплинска постапка против Алкалоид и АЕК Атина. Во соопштението се наведува дека случајот е проследен до надлежните правни тела. Во истрагата се наведени дистрибуцијата на билети за гостинските навивачи од страна на РК Алкалоид како и одлуката на грчкиот тим да не го одигра мечот. „Секој клуб е повикан да даде официјална изјава и објаснување за своите постапки. Текот на понатамошната постапка ќе зависи од добиените информации и ќе биде воден од судските органи на ЕХФ“ – стои во објавата.

Read More

Џан Пјеро Гасперини има шанси да ја напушти позицијата во фудбалскиот состав Аталанта. 67-годишникот има договор со 30 јуни. Според одредени информации, желбата на тренерот е поврзана со лична мотивација а не со условите за работа во клубот или проблемите со трансфери. Аталанта сезоната ја заврши на третото место во Серија „А“ и се квалификува за Лигата на шампионите

Read More

Тенисерката, Мира Андреева, откако ја победи Кристина Букша со 6:4 и 6:3 на терените на Ролан Гарос, вели дека е задоволна од новата опрема. „Прв пат се појавувам во такво здолниште. Најк создаде нешто специјално и бев воодушевена. Го имам во две бои: бордо и млечно бела“ – рече Андреева и се насочи кон начинот на исхрана пред секој турнир. „Се обидувам да се хранам правилно, да избегнувам брза храна и да не се препуштам на слатки или нездрава храна. Но, понекогаш има моменти кога чувствувам дека само треба да јадам нешто благо, во спротивно едноставно нема да можам да…

Read More
NBA

Кошаркарот, Пол Џорџ, верува дека Гркот, Јанис Антетокунмбо, има намера да ја помине  целата кариера во редовите на „Бакси“. „Мислам дека Јанис е производ на една мината ера и сака да ја помине кариерата во Милвоки. Не гледам таква желба кај странските играчи“ – рече Џорџ. „Тие доаѓаат во Америка од другата страна на светот и се третираат како кралски семејства. Мислам дека нема да сака да си замине“ – рече кошаркарот на Филаделфија.

Read More
NBA

Кошаркарот во НБА лигата, Џулиус Рендл, зборуваше за времето поминато во екипата на Њујорк. „Таму не е забавно. Фокусиран си на сè друго освен на самата игра. Целосно си зависен од секој шут, секој пораз, секој неуспех. Невозможно е да се игра така“ – рече актуелниот поентер на Минесота. Рендл настапуваше за Никси во периодот од 2019 до 2024 година.

Read More

Саудискиот Ал-Хилал му даде рок од 72 часа на Бруно Фернандеш да одговори дали ќе ја прифати примамливата понуда што му е упатена. Клубот од Ријад му понуди на играчот од средниот ред четири пати поголема плата од неговата. Понудата е 700.000 фунти неделно. Со бонусите, Бруно би можел да добие вкупно 200 милиони во текот на три години. Доколку одговорот на капитенот на „црвените ѓаволи“ е позитивен, Ал-Хилал ќе упати официјална понуда до Манчестер Јунајтед, која, според „Дејли меил“, ќе биде од околу 100 милиони фунти.

Read More

Возачот кој беше уапсен вчера откако удри со  комбе во навивачите на Ливерпул бил под дејство на дрога. Тоа беше откриено на прес-конференција од заменик-началникот на полицијата, Џени Симс и главниот инспектор Карен Џандрил. -Уапсивме 53-годишен маж од Западен Дерби под сомнение за обид за убиство, опасно возење и возење под дејство на алкохол по употреба на дрога. Тој останува во притвор. Имаме вкупно 65 потврдени жртви од кои многумина бараа болничко лекување“ – откри полицијата. Од 50-те лица кои беа примени во болница по инцидентот, 11-ет се хоспитализирани и сите се во стабилна состојба.

Read More