Алкалоид денеска излезе со соопштение за навивачите кои синоќа дојдоа на мечот со АЕК кој не се одигра во СЦ Борис Трајковски откако гостите одлучија да не излезат на теренот. -Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот. -Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси…
Author: dino
На 23 и 24 мај 2025, на падините на планината Галичица и во Охрид се одржа седмото издание на планинската ултрамаратонска трка Охрид Ултра-Треил со вкупно 650 натпреварувачи од 42 земји. Охрид Ултра-Треил (85 км скратена рута)Мажи: Теодорос Зиакас (Грција) – 09:37:09 (првопласиран и рекордер од минатата година)Иван Мукоски (Србија) – 10:30:33Станислав Когут (Полска) – 10:31:36 Жени: Натали Капцалова (Чешка) – 11:28:59Ивана Најдовска (Македонија) – 11:52:00Ивана Ценерич (Србија) – 12:18:58 Галичица Ултра (скратена верзија 45км) Мажи: Александар Стојкоски (Македонија) – 04:05:27Ангелос Алексиу (Грција) – 04:28:37Антонио Каранфилоски и Златко Карчески (Македонија) – 04:38:15 (делба на третото место) Жени: Фелине Маистер (Германија)…
Килијан Мбапе е добитник на престижната награда – „Златна копачка“, која му се доделува на најдобриот стрелец во европските национални првенства. Брзоногиот фудбалер ја доби наградата за првпат во кариерата и тоа уште во дебитантска сезона во Шпанија. Тој за Реал Мадрид имаше 31 погодок и собра вкупно 62 бода. Иако најмногу голови постигна шведскиот напаѓач, Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон – вкупно 39, португалското првенство има понизок коефициент во рангирањето на УЕФА и секој негов гол вреди 1,5 поени. Тој собра 58,5. Третото место го осво Мохамед Салах од Ливерпул а четвртото Хари Кејн од Баерн Минхен.
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Игор Тудор, инсистира клубот да донесе одлука за неговата иднина пред Светското клупско првенство. „Наскоро ќе дознаеме, не по Светското клупско првенство, туку пред тоа. Среќен сум. Постигнавме нешто“ – рече Хрватот откако успеа да обезбеди место за Лигата на шампионите. „Јувентус може да биде конкурентен за титулата со две или три нови засилувања. Не можам ништо да кажам, наскоро ќе разговараме и ќе одлучиме“ – рече Тудор.
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ја оцени сезоната во која неговиот тим долго време беше во трката за титулата но, на крајот не успеа да ја освои. „Ќе имаме доволно време да размислиме, да анализираме што се случи, да учиме од тоа, да ги земеме позитивните работи и да размислиме како можеме да го решиме тој мал процент што недостасува“ – рече Артета. „Ќе седнеме и ќе финализираме неколку работи што треба да се решат“ – потенцираше Шпанецот.
Менаџерот, Енцо Мареска, им возврати на критичарите на Челзи откако „сините“ обезбедија место во Лигата на шампионите по триумфот кај Нотингем Форест. „Не се сомневав во фудбалерите. Сите велеа дека сме премногу млади, дека не сме доволно добри, дека чекаат Астон Вила да изгуби бодови за да можеме да се квалификуваме за Лигата на шампионите“ – рече Мареска. „За жал за нив, сите грешеа затоа што играчите го заслужуваат тоа. Напорите што ги вложија се фантастични“, рече тренерот на лондончани.
Возачот на Априлиа, Марко Безеки, кој направи голема победа на патеката – Силверстон во трката во Мото Гран При, вели дека е тоа резултат на напорната работа во тимот. „Па, секако дека сум горд, среќен сум. Мислам дека целата фабрика треба да биде горда. Како што реков неколку пати, не беше лесен период за нив со повредата на Хорхе, тој е сè уште светски шампион“ – рече Италијанецот „Не ги променив моите цели или мојот начин на размислување. Само знаев дека ќе биде потребно време и многу работа“ – објасни возачот во Мото ГП.
Њујорк победи со 106:100 во третиот натпревар од серијата со Индијана во финалето на Источната конференција на НБА. Популарните Никси сега ја намалија предноста на противникот на 2-1 во победи. Пејсерси иако имаа предност и од 20 коешви, на крајот го загубија мечот. Во победничкиот тим се издвоија Карл-Ентони Таунс со 24 кошеви и 15 скокови додека Џејлен Брансон застана на 23 поени. За домашниот тим, Тајрис Халибартон постига 20 поени, а Мајлс Тарнер имаше 19. Четвртиот меч ќе биде одигран по два дена исто така на теренот на Индијана.
Ракометниот состав на Алкалоид преку социјалните мрежи упати благодарност до сите што дојдоа вчера во СЦ Борис Трајковски да му дадат поддршка на нашиот тим против АЕК во финалето на Европскиот Куп. Во очекување на одлуката на ЕХФ за неодиграниот меч откако гостите од Грција одлучија да не се појават на теренот, нашиот состав излезе со посебна објава.„Почитувана публико… ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ за Вашата поддршка која ни ја дадовте во СЦ „Борис Трајковски“. Беше убаво да се видат полни трибини, како во еден глас навиваат за нашиот клуб и даваат поддршка. За жал, не по наша вина, финалниот натпревар со РК…
Откако Шеј –Александар од Оклахома беше прогласен за најкорисен играч во сезонава во кошаркарската НБА лига, започнаа да пристигнуваат реакции од сите страни. Канаѓанецот ја доби битката со големиот ривал од Денвер, Никола Јокиќ а тоа ја изненади ѕвездата на Милвоки,Јанис Антетокунбо. „Што?! нема шанси тоа да е вистина?!“ , напиша Гркот на социјалните мрежи. Шеј беше рангиран на првото место со 913 поени додека Јокиќ имаше 787.
