Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, пред стартот на Ф4 турнирот во Евро-лигата во Абу Даби и мечот со Панатинаикос, наглaси дека ќе победи подoбриот состав.
„Се надевам дека ќе започнеме подобро а не како во Берлин. Таква ситуација не следи во последниве две години, се надевам дека тоа ќе ни помогне“ – рече Јасикевичиус.
„Мораме да бидеме подобри отколку што бевме во Берлин. Само така може да очекуваме успех“ – потенцираше литванскиот специјалист кој неколку пати алудираше на поразот од Грците во минатогодишното полуфинале на турнирот во Германија.

