Капитенот на Вардар, Горан Закариќ, не крие дека очекува голема поддршка од трибините на утрешното финалето во Купот против Струга Трим Лум. Мечот ќе се одигра на Националната Арена „Тодор Проески“ од 20.00 часот. „Чест и задоволство ми е што сум тука како капитен на Вардар. 18 години поминаа и имаме голема шанса да го вратиме трофејот во витрините на клубот. Мислам дека со помош на нашите навивачи ќе се избориме за таков успех. Ќе се подготвиме максимално и се надевам ќе се радуваме сите заедно по натпреварот“ – рече Закариќ. „Тука сум од првиот ден на сезоната, имавме тежок…
Author: dino
Еден од поискусните фудбалери во редовите на Струга Трим Лум, Бунјамин Шабани, на денешната средба со новинарите пред финалето на Купот со Вардар, вели дека екипата е насочена кон успех. „Играме многу важен натпревар против Вардар. Сите ќе го дадеме максимумот и мислам дека како екипа можеме да дојдеме до трофејот. Ние сме искусни играчи и живееме за овој тип натпревари. Мислам дека нема да биде проблем фактот што играме во Скопје и покрај односот на навивачи на трибините“ – рече Шабани. „Позади нас имаме големи натпревари дури и во Европа, па тоа е наша предност. Претходните натпревари со Вардар…
Тренерот на фудбалерите на Струга Трим Лум, Илчо Ѓорѓиоски, верува дека неговите избраници ќе го победат Вардар во финалето на Купот и ќе обезбедат евро-виза за наредната сезона. „Финале на Куп е натпревар кој се чека цела сезона. Ние ќе бидеме дел од овој меч и сакаме да го освоиме ова натпреварување. Сега имаме втора шанса, сакаме да го донесеме трофејот во Струга. Како тим дефинитивно сме подготвени, желни и мотивирани за утрешниот натпревар. Имаме доволен број на квалитетни и искусни фудбалери кои знаат да се носат со предизвикот“ – рече тренерот на стружани. „Според мене, Вардар е фаворит.…
Тренерот на фудбалерите на Вардар, Гоце Седлоски, верува дека неговите избраници ќе ја победат екипата на Струга Трум Лум и ќе го освојат пехарот во Купот. „Толку време Вардар го чека ова финале, ќе дадеме максимум и со помош од публиката да ја оствариме целта. Ако играчите одиграат како во претходните шест месеци, се надевам дека трофејот ќе дојде во нашите витрини“ – рече Седлоски.„Знаеме каде беше Вардар во првата полусезона ама со макотрпна работа стигнавме до петтото место. Сакам да го заокружиме добриот ритам и утре“ – изјави Седлоски пред мечот на Арената во Скопје.
Фудбалскиот состав Милан продолжува да го следи трансфер-пазарот за да биде подготвен, но, вистинските потези ќе дојдат кога ќе се одредат новиот спортски директор и новиот тренер. Изборот трае со месеци иако поранешниот играч на Аталанта, Ли Конгертон е во пол-позиција, не можат да се исклучат и други решенија за директорскoто место.Во игра се и Д’Амико, Мана и Сартори, кои се активни во нивните клубови но, може да прифатат да работата кај „росонерите“.
Екипата на Јувентус се подготвува да продаде дел од фудбалерите за да може да собере пари за купување на нови играчи во текот на летото, наведуваат денеска медиумите во Италија. На излезната врата од Торино се Рандал Коло Муани, Ренато Веига и Франциско Консеисао. За српскиот голгетер, Душан Влаховиќ, исто така во континуитет се потенцира дека може да ја напушти „старата дама“. Засега Јуве не излезе со конкретна информација за споменатите фудбалери.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, го советува раководството да му ги овозможи сите услови на менаџерот, Рубен Аморим. Англичанецот верува дека португалскиот стратег може да ги врати „црвените ѓаволи“ на шампионските патеки доколку добие зелено светло да направи летна селекција. „Ми се допаѓа Рубен. Тој е млад менаџер со успех во кариерата и многу искуство за неговите години. Затоа мислам дека ќе ги направи потребните промени“ – објасни Бекам.
Тенискиот тренер, Борис Собкин, проговори за проблемите на Новак Ѓоковиќ во тековнава сезона. Србинот има само 12 победи во 19 мечеви и нема триумф на земјена подлога. „ Колку што стареете, толку e потешко да се натерате да работите. Јужни имаше иста ситуација кога ја завршуваше кариерата. Новак е во добра форма сега “–рече Собкин. „Тој треба да продолжи да тренира со полн капацитет. Психолошкиот замор се акумулира. Ѓоковиќ не сака целосно да го посвети животот на тенисот“ – рече познатиот тренер.
Тенисерката од Украина, Елина Свитолина, нема да настапи на турнирот во Стразбур кој има награден фонд од 925.661 евра. Победничката на собирот во Франција од 2020 и 2023 година, се пожали на болки во грбот и одлучи да не игра. Таа ќе се подготвува за вториот сезонски грен слем на терените на Ролан Гарос во Париз. Украинката во главната ждрепка беше заменета од Мари Бузкова (Чешка), која дојде како„среќна губитничка“ од квалификациите.
Кошаркарот на Оклахома, Џејлен Вилијамс, ќе мора да плати казна од 25.000 долари поради „носење облека со непристоен текст“ на неговата прес-конференција по победата против Денвер во седмиот натпревар од плејофот во НБА лигата. Вилијамс не употреби вулгарности додека разговараше со новинарите, но, беше критикуван за натписот на неговата маица. Играчот кој има 24 години, во елиминацискиот дел има просек од 19,6 поени. Вилијамс на мечот со Денвер забележа 24 поени, 5 скока и 7 асистенции.
