Етиопските тркачи на долги патеки, Селемон Барега и Медина Еиса постигнаа двоен успех на трката – „Грејт Манчестер ран“. Рекордот патека од 2007 година поставен од Мика Кого не беше соборен благодарение на силниот ветер во последниот дел од дистанцата. На трката се појавија 30.000 учесници и тоа на 10 км и во полумаратон.
Author: dino
Грчкиот репрезентативец Василис Толиопулос ќе го напушти Арис по завршувањето на сезоната и ќе стане нов играч на Панатинаикос. 28-годишниот бек беше дел од грчката репрезентација на Олимписките игри во Париз минатата година. Толиопулос ќе потпише тригодишен договор со Панатинаикос кој годинава ќе биде дел од завршниот фајнал-фор турнир во Евролигата.
Четирикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Карлос Алкараз, изјави дека е горд откако го победи светскиот рекет број еден, Јаник Синер, со што за прв пат го освои тенискиот Мастерс во италијанската престолнина – Рим. „Горд сум на себе, на начинот на кој ментално пристапив кон натпреварот. Тактички, мислам дека играв доста добро од првиот до последниот поен“ – рече Алкараз. „Многу сум среќен што ја освоив мојата прва титула во Рим, се надевам дека не е последна“ – додаде Шпанецот.
Тренерот на фудбалерите на Болоња, Винченцо Италијано, може да добие понуда да го преземе кормилото на Милан, наведува денеска „Газета дело Спорт“. Познато е дека „росонерите“ на крајот на сезоната ќе се разделат со актуелниот кормилар – Серхио Консеисао. Претходно за тренерското место во Милано се потенцираа и имињата на Маурицио Сари и Масимилијамо Алегри.
Италијанските познавачи на фудбалот и дел од медиумите наведуваат дека луѓето од Јувентус ќе се обидат да го вратат Антонио Конте на тренерската позиција. Искусниот стратег засега има добра сезона со Наполи бидејќи е во трката за титулата во Серија „А“. Неговото име и претходно се поврзуваше со „старата дама“. Конте работеше во екипата од Торино од 2011 до 2014 година, освојувајќи 3 последователни титули во елитниот фудбалски шампионат на Италија.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, вели дека битката за место во Лигата на шампионите ќе се води до последното коло во Премиер-лигата. Засега само новиот шампион Ливерпул и екипата на Арсенал, се сигурни учесници во елитната конкуренција на Европа за наредната сезона. Неговиот Њукасл е на третото место со 66 бода. „На добар пат сме да го постигнеме она што сакаме да го постигнеме оваа сезона, но сè уште има многу работа и два тешки натпревари за играње“ – рече тренерот пред гостувањето кај Арсенал.
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, вели дека „црвените ѓаволи“ мораат да се вратат во трката за титулата во Премиер-лигата. „Очигледно во Премиер лигата започнавме да заостануваме а навивачите беа свесни дека можеме да добиеме многу повеќе од она што го сакаме“ – рече фудбалерот од Португалија. „Јунајтед нема цел да биде во топ 4 туку да ја освои Премиер лигата.Тоа е минатото на клубот, тоа е историјата на клубот и мора да биде сегашноста и иднината“ – нагласи Фернандеш.
Британскиот боксер во тешка категорија, Дилијан Вајт, ќе има меч на 7 јуни во Ипсвич, Англија. Според медиумите, противник во рингот може да му биде Хјуи Фјури . Да потсетиме дека последната борба на Вајт се одржа во декември во 2024 година кога го победи Африканецот, Ебенезер Тетех. 37-годишниот Вајт има 31 победа во 34 борби. Тој е поранешен шампион во тешка категорија во „WBC“.
Од денеска до недела Формула 1 возбудувањата ќе бидат на патеката Имола. Таму ќе се вози трката за Големата награда на Емилија-Ромања. Во текот на денов ќе има две тренинг сесии, за утре е предвиден последниот тренинг и официјалните квалификации додека главниот настан ќе биде в недела во попладневните часови. Кај возачите на лидерската позиција е Оскар Пјастри од Мекларен со 131 бод пред неговиот клупски колега Ландо Норис со 115 и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со 99 бодови. Во трка за титулата кај конструкторите на првото место е Мекларен со 246 поени пред Мерцедес со 141 и…
Каспер Руд го коментираше поразот од Јаник Синер во четвртфиналето на тенискиот турнир во Рим. Тој освои само еден гем против првиот играч на АТП листата. „Тој беше блиску до идеалното – барем од оние против кои сум играл. Мора да му оддадеш признание. Во првите четири гемови можеби направив неколку неизнудени грешки на форхендот каде што се обидов да нападнам и промашив“ – потенцираше Руд. „Тој беше подобар од мене во повеќето од акциите на основната линија. Беше како да играш против ѕид кој постојано фрла топки кон тебе со брзина од сто милји на час“, рече Руд
