Британскиот боксер во тешка категорија, Дилијан Вајт, ќе има меч на 7 јуни во Ипсвич, Англија.
Според медиумите, противник во рингот може да му биде Хјуи Фјури . Да потсетиме дека последната борба на Вајт се одржа во декември во 2024 година кога го победи Африканецот, Ебенезер Тетех.
37-годишниот Вајт има 31 победа во 34 борби. Тој е поранешен шампион во тешка категорија во „WBC“.

