Советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, јавно го пофали Макс Верстапен кој на патеката во Имола ја забележа втората сезонска победа во Формула 1 шампионатот. Тој не крие дека е задоволен од перформансите на возилата.
„Имавме проблеми цела година но, во Имола нашиот болид конечно повторно беше на ниво. За Макс беше важно да види дека сите сме обединети и дека работиме со максимална посветеност“ – рече Марко.
„ Стратегијата, поставеноста на болидот, перформансите, сè беше одлично. Се претставивме подобро од Мекларен“ – беа дел од зборовите на советникот на Ред Бул.
