Светскиот шампион во Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев, вели дека Оскар Пјастри е фаворизиран од стјуардите во споредба со Макс Верстапен.
„Сите го сакаат Пјастри. Ако нешто се случи, стјуардите нема да го казнат толку лесно како Макс Верстапен. Тоа е од голема помош во борбата за титулата“ – рече Вилнев.
„Ме потсетува на времето кога Луис Хамилтон и Нико Розберг се бореа за титулата“ –потенцираше поранешниот шампион во Ф1.

