Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на 9-то издание на трката – „HalkEco Скопје Трча 10 км“ на која учествуваа околу 1700 натпреварувачи.Ивановски патеката ја истрча со време 30:59 минути, пред Муџахид Мислими и Димитар Илиев додека во женска конкуренција, најбрзата, Поп Арсова оствари време 35:35 минути пред Билсерин Сулејман со 35:58 минути а на третото заврши Невена Јовановиќ со 36:58 минути. Во категоријата учесници со телесен инвалидитет, која беше новина на годинешново издание на трката, од вкупно 12 пријавени, победници се Габриела Стојановиќ во женска конкуренција со време 59:28 минути и Зоран Јовановски во машка конкуренција со…
Author: dino
Трката за Големата награда на Франција во Ле Ман привлече рекордна посетеност за викенд од трките во Мото ГП. Тоа се случува трета година по ред. Според организаторот, бројката на патеката достигнала 300.000 што е многу повеќе споредено со минатата година – 297.471 и во 2023 година кога беа присутни 278.805 фанови на брзините. Ќе потсетиме дека трката за Големата награда на Франција има нов договор со -„Moto GP“ и ќе биде во календарот најмалку до 2031 година.
Глобалниот директор на „Форд Перформанс“, Марк Рашбрук, откри дека развојот на моторот што ќе го користи Ред Бул во Формула 1 во 2026 година оди според планот. „Партнерството станува сè посилно секој ден, од првите разговори и потпишувањето на договорот. Придонесуваме на неколку начини кај моторот со внатрешно согорување и електричната компонента.“ – рече Рашбрук.„ Секако, сè уште имаме многу работа да направиме и многу да докажеме со нашата сигурност, но партнерството досега беше одлично“ – нагласи Рашбрук.
Екипата на Наполи планира да обезбеди квалитетни засилувања за новата сезона во која ќе настапува во Лигата на шампионите. Деновиве се појави информација дека италијанскиот тим ќе се обиде да дојде до потписот на Кевин Де Бруин, кој дефинитивно во текот на летото ќе го напушти Манчестер Сити. Денеска пак, медиумите најавуваат дека Наполи сака да го купи и играчот на Ливерпул, Дарвин Нуњес. Се очекува Уругваецот да го напушти стадионот – „Енфилд“ бидејќи не е задоволен од минутажата што ја добива.
Тренерот на фудбалерите на Комо, Цеск Фабрегас, меѓу редови најави дека може да си замине од италијанскиот состав. „Што и да се случи, секогаш ќе му бидам благодарен на клубот за тоа што ми го даде. Многу сум горд на изграденото во Комо. Сакам да оставам нешто зад себе кога ќе заминам. Мојот наследник ќе најде силен тим“ – рече Шпанецот. Во медиумите се почесто се појавуваат информации дека Фабрегас може да го замени Чаби Алонсо во Баер Леверкузен.
Медиумите во Англија и Шпанија тврдат дека актуелниот фудбалер на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, дефинитивно решил да ја напушти Ла Лига и да замине во Арсенал. Англичаните за неговиот потпис ќе платат 60 милиони евра. Со доаѓањето на Зубименди во Лондон, ќе се зголеми шпанската колонија во Арсенал. 26-годишниот играч целата кариера ја помина во родниот град. Тој ја освои титулата во Купот на Шпанија во 2020 година а беше и клучен играч во репрезентацијата на Шпанија која на Европското првенство во 2024 година стигна до златниот медал.
Светското првенство во фудбал за жени од 2013 година ќе се зголеми на 48 селекции одлучи Меѓународниот одбор на ФИФА. Тоа значи дека ќе бидат додадени уште 16 репрезентации бидејќи сега на Мундијалот играат 32- две. Одлуката е објавена пред 75-от Конгрес кој ќе се одржи во Асунсион (Парагвај). Мундијалот за жени во 2031 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја најави промената на форматот за време на Конгресот на УЕФА во Белград.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Серхио Консеисао, потенцира дека сите мора да бидат задоволни со вчерашната победа од 3:1 против Болоња во меч од 36-тото коло во италијанската Серија А. „Победивме тим против кој беше тешко да се игра. Во почетокот на второто полувреме се обидовме да притиснеме малку повисоко и примивме голови а потоа ја променивме шемата. Резервните играа добро“ – рече Консеисао. „Хименез е квалитетен играч. Среќен сум за него бидејќи напаѓачите живеат за голови. Да не ги заборавиме и важните голови што ги постигна Абрахам “ – рече тренерот на „росонерите“.
Роџер Федерер уште еднаш се потсети на емотивните моменти од Лејвер Купот во 2022 година, кога го играше својот последен турнир како професионален тенисер. Швајцарецот откри дека точно знаел кои две работи ќе го „натераат“ да заплаче: средбата со сопругата Мирка и помислата на крајот на неговото соперништво со Рафаел Надал. Швајцарецот по две децении поминати на тениските терени ја заврши кариерата со 20 Гренд слем титули.
Шарл Леклер верува дека заедно со Луис Хамилтон мора да бидат во ритам за да го однесат нивнио тим Ферари напред во трката за титулата во Формула 1. Двајцата во првите шест трки од сезоната забележаа само еден пласман на подиумот. Нивниот тим сега е на четвртото место со големо заостанување од 152 бода зад лидерот Мекларен. „Дефинитивно мора да работиме заедно, мислам дека сите можеме да се согласиме дека трката во Мајами не беше тоа што го сакавме. Мора мора да ги решиме проблемите“ – објасни Леклерк.
