Шарл Леклер верува дека заедно со Луис Хамилтон мора да бидат во ритам за да го однесат нивнио тим Ферари напред во трката за титулата во Формула 1.
Двајцата во првите шест трки од сезоната забележаа само еден пласман на подиумот. Нивниот тим сега е на четвртото место со големо заостанување од 152 бода зад лидерот Мекларен.
„Дефинитивно мора да работиме заедно, мислам дека сите можеме да се согласиме дека трката во Мајами не беше тоа што го сакавме. Мора мора да ги решиме проблемите“ – објасни Леклерк.

