Глобалниот директор на „Форд Перформанс“, Марк Рашбрук, откри дека развојот на моторот што ќе го користи Ред Бул во Формула 1 во 2026 година оди според планот.
„Партнерството станува сè посилно секој ден, од првите разговори и потпишувањето на договорот. Придонесуваме на неколку начини кај моторот со внатрешно согорување и електричната компонента.“ – рече Рашбрук.„
Секако, сè уште имаме многу работа да направиме и многу да докажеме со нашата сигурност, но партнерството досега беше одлично“ – нагласи Рашбрук.

