Арсенал и Пари Сен Жермен (ПСЖ) вечер ќе се соочат во долгоочекуваниот прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите на УЕФА на стадионот „Емирати“ во Лондон. Арсенал, под водство на Микел Артета, е во одлична форма во Лигата на шампионите доаѓајќи во полуфиналето по победата против бранителот на тронот Реал Мадрид со вкупен резултат од 5-1. ПСЖ, предводен од Луис Енрике, еволуираше во импозантен тим. Французите ги победија во нокаут фазата екипите од Премиер лигата Ливерпул и Астон Вила АРСЕНАЛ можен состав: Раја; Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели; Рајс, Мерино, Одегард; Сака, Тросар, Мартинели. ПСЖ можен состав: Донарума; Хакими, Маркињос, Пачо,…
Author: dino
Јувентус објави дека фудбалерот, Лојд Кели, има повреда и ќе мора го пропушти клучниот натпревар против Болоња за место што носи учество во Лигата на шампионите за наредната сезона. Англискиот дефанзивец се опоравува од повреда на мускулот и нема да се врати на теренот најмалку 10 дена. Тренерот на „старата дама“ , Игор Тудор, ќе има многу проблеми да ја состави одбраната за мечот со Болоња бидејќи надвор од стројот се и Гати, Кабал и Бремер.
Цеск Фабрегас може да го замени Клаудио Раниери на клупата во Рома. Според „Скај Италија“, тренерот на Комо е прв фаворит да ја преземе „волчицата“. Поранешниот играч на Арсенал и на Барселона, се поврзува и со Милан, Јувентус и РБ Лајпциг иако Комо инсистира дека ќе остане во клубот. Во исто време на листата на римјаните се ставени и Стефано Пиоли, Франческо Фариоли и Патрик Виера.
Извршниот директор на Мекларен во Формула 1, Зек Браун, изјави дека е сосема можно Карлос Саинц да се врати во екипата за која возеше во 2019 и 2020 година. Тој во интервју рече дека Шпанецот би бил соодветен кандидат доколку се испразни место. Во моментов британскиот тим ги има возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри. Ќе потсетиме дека Саинц кој сега вози за Вилијамс, го напушти Ферари на крајот на претходната сезона за да му ослободи место на Луис Хамилтон.
Менаџерот, Микел Артета, не крие дека е презадоволен што неговиот Арсенал испишува клупска историја во Лигата на шампионите. Англичаните денеска ќе го пречекаат ПСЖ во првиот меч од полуфиналната фаза во елитната конкуренција на Европа. Шпанскиот тренер не крие дека гледа со пиетет кон Французите но, верува дека „топџиите“ може да одат во големото финале. „ Ова е еден од најголемите натпревари откако е изграден „Емирати“. Со оглед на околностите и предизвиците со кои се соочивме пишуваме историја “ – рече Артета.
Тренерот на фудбалерите на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, сака неговиот тим да го постигне тоа што другите во минатото не успеаја да го направат – да ја освои Лигата на шампионите. „Амбициозни сме и сакаме да создадеме историја. Гледам дека тимот е полн со самодоверба. ПСЖ никогаш не ја освоил Лигата на шампионите, истото важи и за Арсенал“ – рече Шпанецот. „Арсенал и ПСЖ се многу слични. Има одлични поединци во двата тима иако не зависи само од нив“ – рече Енрике.
Дијана Шнајдер која се наоѓа на 13-то место на листата на најдобрите светски тенисерки, проговори за соработката со Динара Сафина која започна во првите денови од месецов.„Луѓето околу мене очекуваат многу, бидејќи сега сум повисоко на ранг-листата а минатата година освоив четири титули. Имав добри резултати и брзо се искачував на ранг-листата“ – рече Шнајдер. „Започнав да работам со Динара за контролирање на негативните емоции. Таа многу ми помага и ме советува кога имам проблеми.“ – рече
НБА Лигата призна дека Лос Анџелес Лејкерс беше оштетен во последните минути на дуелот со Минесота кога не беше досуден очигледен прекршок врз Лука Дончиќ што можеше да го промени конечниот резултат. „МекДениелс му го блокира патот што предизвика тој да ја изгуби рамнотежата“, се вели во извештајот. Доколку фаулот беше досуден, кошаркарот на Лејкерс ќе добиеше слободни фрлања кои можеа да го израмнат резултатот или да го доведат Лос Анџелес во водство.
Главниот тренер на кошаркарскиот состав Мајами, Ерик Споелстра, ги сумираше натпреварите со Кливленд. „ Целата оваа серија беше понижувачка. Последните два натпревари беа срамни. Кливленд исто така е многу силен тим. Бевме ирационални, како и секогаш, мислејќи дека имаме шанса да ја добиеме серијата“ рече тренерот на Мајами. Неговиот тим го заврши настапот во плеј-офот во НБА откако загуби од Кавси со убедливи 4-0.
Селекторот на ракометарите Кирил Лазаров го објави поширокиот список за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство. Првиот дуел ќе го играме против Естонија на 8 мај во Талин додека на 11 мај од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја пречекаме Литванија Список на повикани ракометари:
