Извршниот директор на Мекларен во Формула 1, Зек Браун, изјави дека е сосема можно Карлос Саинц да се врати во екипата за која возеше во 2019 и 2020 година.
Тој во интервју рече дека Шпанецот би бил соодветен кандидат доколку се испразни место. Во моментов британскиот тим ги има возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Ќе потсетиме дека Саинц кој сега вози за Вилијамс, го напушти Ферари на крајот на претходната сезона за да му ослободи место на Луис Хамилтон.

