Фудбалерот на Астон Вила, Маркус Рашфорд, кој игра како позајмен од Манчестер Јунајтед, не крие дека сака да го облече дресот на Барселона. 27-годишниот напаѓач кој нема да се врати на – „Олд Трафорд бидејќи не влегува во плановите на менаџерот, Рубен Аморим, има опција да остане во сегашниот тим за околу 40 милиони фунти или да направи трансфер во друг состав. Ќе потсетиме дека Барса сакаше да го ангажира Рашфорд во текот на зимата но, не успеа поради одредени финансиски проблеми.
Author: dino
Алеш Еспергаро се пензионираше од Мото ГП трките на крајот од минатата година и се вработи како тест возач за Априлија. Тој потпиша и договор со велосипедскиот тим Лидл-Трек, со кој се натпреваруваше на неколку професионални трки. Сепак, овој викенд тој ќе се врати на стартната линија на Мото ГП и ќе учествува на Големата награда на Шпанија со вајлд-кард. Пред почетокот на тркачкиот викенд во Херез, Еспергаро даде интервју во кое изјави дека во моментов се чувствува повеќе како велосипедист отколку како возач на Мото ГП.
Поентерот на Голден Стејт, Џими Батлер, може да го пропушти наредниот натпревар со Хјустон во разигрувањето за титулата во НБА Лигата. Тој беше подложен на магнетна резонанца која не покажа структурни оштетувања, но, ѕвездата на Вориорс ќе мора да биде крајно внимателен во наредните два дена. Третиот меч меѓу Голден Стејт и Хјустон ќе биде одигран на 27 април. Резултатот е 1-1 во победи.
Кошаркарот на Денвер , Расел Вестбрук, помина само 9 минути на теренот на мечот со Лос Анџелес Клиперс во рамките на плеј-офот во НБА лигата. Според информациите тој заработил повреда на левото стапало откако влегол на теренот во втората четвртина. Лекарите ги извршиле потребните процедури за време на паузата, но, играчот не можел да се врати. Вестбрук додека играше постигна само една тројка. Неговиот тим го загуби мечот со 117-83.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, е се поблиску до враќање во игра. Бекот на Реал доживеа сериозна повреда на почетокот на сезоната откако ги скина вкрстените лигаменти и беше подложен на операција. Карвахал е отсутен 300 дена, пропуштајќи 53 натпревари на Реал Мадрид оваа сезона. Сепак, кошмарот за Карвахал се ближи кон крајот. Веќе неколку дена, дефанзивецот е во тренинг базата на клубот и што е уште поважно, тренира со топка. Секако, во моментов обемот на работа во неговите активности е лесен, но постепено ќе се зголемува. Тој самиот објави дека негова цел е да биде подготвен за учество…
Тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуасил, одлучи да ја напушти својата позиција на крајот од сезоната, објави прес-службата на клубот. 53-годишниот Алгуасил е поранешен играч на Реал Сосиедад, за кого играше помеѓу 1991 и 1998 година. Шпанецот ја започна својата тренерска кариера во вториот тим на клубот од Сан Себастијан. Баскиецот стана тренер на првиот тим на Реал Сосиедад во 2018 година, освојувајќи го Купот на кралот во 2020 година. Реал Сосиедад е деветти на табелата во Ла Лига со 42 бода од 33 натпревари.
Раководството на Реал Мадрид побара мислење од тренерот на тимот Карло Анчелоти во врска со играчите кои треба да ги ангажираат на лето, објави шпанскиот „Спорт.ес“. Според изворот, италијанскиот тренер инсистира на потребата од засилување на позициите дефанзивец и играч за врска. Анчелоти именуваше четворица играчи кои играат во англиската Премиер лига: Вилијам Салиба (Арсенал), Мануел Аканџи (Манчестер Сити), Алексис Мекалистер (Ливерпул) и Сандро Тонали (Њукасл). Се нагласува дека конечната одлука за купување на нови играчи ќе ја донесат претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, генералниот директор на клубот Хозе Анхел Санчез и главниот скаут на клубот Јуни Калафат.
Голот на Хориха пред звукот на сирената донесе голема победа на Вардар со 35:34 на теренот на Еурофарм Пелистер во дербито на 5 коло во ракометната Супер-лига. Во крајно драматичен меч во Битола со дури 16 пенали за едно полувреме, „црвено-црните“ одиграа фантастична акција по досудените 9 метри а Хориха постигна прекрасен гол за голема радост на гостинските фанови. Во скопскиот состав Младен Крсманчиќ беше најдобар со 11 голови пред Дмитро Хориха и Вуко Борозан кои застанаа на седум. Во домашниот тим Дејан Манасков имаше 10 голови а Филип Кузмановски постигна девет.
Дисциплинската комисија во Фудбалската Федерација на Македонија имаше полни раце работа по одигрување на 28-то коло во Првата лига. Еве ја листата на казнети и времено суспендирани од активностите на фудбалските терени. Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт АД исклучен на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ. Лука Робикадзе – фудбалер на ФК Работнички АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. Коло во Прва МФЛ се казнува со забрана…
Натпреварувачка комисија во рамките на Фудбалската федерација го регистрираше прекинатиот натпревар Воска-Вардар со службени 3-0 за гостите од Скопје. Воска е предадена на Дисциплинска комисија поради самоволно напуштање на теренот и поради слаба организација на мечот со „црвено-црните“ од 28. коло во првата лига. Тренерот на Воска, Арбри Клодиан и капитенот, Агон Хани, ќе бидат под лупата на дисциплинците бидејќи ги повикаа играчите да се повлечат во соблекувалните.
