Author: dino

Kошаркарскиот клуб Баскет Дино оваа година го одбележува својот 21-ви роденден. Но, наместо да славиме, тагуваме. Трагедијата во „Пулс“ ни одзеде 62 живот меѓу нив и млади кошаркари, пријатели, членови на нашата заедница – објави екипата на социјалните мрежи На 24 април, точно 40 дена по несреќата, Баскет Дино организира хуманитарен кошаркарски натпревар во нивна чест. На теренот ќе застанат поранешни и сегашни кошаркари обединети во љубов и почит. Целосниот приход ќе биде дониран на семејствата на настраданите. Секој билет ќе биде повеќе од влез ќе биде симбол на солидарност, сочувство и заедничка болка, стои во објавата на Баскет Дино…

Read More

Легендата на фудбалскиот состав Милан,  Роберто Донадони, проговори за слабата сезона на „росонерите“ кои в среда ги очекува реваншот од полуфиналето со градскиот ривал Интер во италијанскиот Куп.   „Кога треба да постигнете резултат за да ја спасите сезоната, работите стануваат уште покомпликувани. Еден погрешен чекор ќе биде крај на една лоша сезона“ – рече Донадони. „Милан ги покажува истите проблеми. Кога ќе го најде вистинскиот пристап тогаш резултатите ќе дојдат” – рече некогашниот фудбалер.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Интер ги договорил личните услови со играчот на Олимпик Марсеј, Луис Енрике откако Бразилецот се согласил да потпише 5-годишен договор со „нероаѕурите“.  Тој има 32 меча во сезонава со ефект од 9 голови и 8 асистенции. Тимот од Серија „А“ им понудил на французите  24 милиони евра со дополнителни 4 како бонуси. 23-годишниот фудбалер кој дејствува по страничните позиции, треба да се пресели на „Чизмата“ во јунскиот трансфер период.

Read More

Тенисерката од Шпанија, Пола Бадоса,  која поради проблеми со грбот принудно се повлече од турнирот во Мајами, вели дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да излезе на теренот. „Минатата година Мадрид беше пресвртница во мојата кариера и сега сум подготвена да преземам нов предизвик. Играњето дома секогаш е посебен настан“ – рече Бадоса. „. Горда сум на тоа како се справував со предизвиците во текот на мојата кариера“ – рече Бадоса.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, планира да го засили нападот за наредната сезона, објавија денеска дел од медиумите во Англија. Според наведеното, Португалецот сака да го ангажира голгетерот на Вулверхемптон, Матеус Куња, кој на 31 меч во сезонава постигна 16 голови. Бразилецот кој има договор до 2029 година има откупна калузула од околу 70 милиони евра.

Read More

Фудбалерите на Нотингем Форест доцна синоќа остварија голема победа на теренот на Тотенхем со што ширум ја отворија вратата за влез во Лигата на шампионите за наредната сезона. Нивниот менаџер, Нуно Еспирито Санто, не крие дека е задоволен од освоените три бода и брзата рехабилитација по поразот од  Евертон во претходното коло. „Имаме начин на игра и идентитет. Навистина добро ја контролиравме играта во првото полувреме. Тотенхем беше подобар во вториот дел“ – рече тренерот на Нотингем.

Read More

Двократната олимписка шампионка, Евгенија Канаева, го напушти стручниот штаб на рускиот тим во ритмичка гимнастика. „Сакам да изразам благодарност до секој човек со кој имав задоволство да работам во репрезентацијата. Вашите напори и поддршка го направија искуството незаборавно“ – напиша Канаева на социјалните мрежи. 35-годишната Русинка освои златни медали во повеќебој на Олимписките игри во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година.

Read More

Koшаркарот на Партизан, Стерлинг Браун, се опорави во вистинско време и одигра одличен меч против „црвено-белите“ во градското дерби на Белград. „Не играв само јас, нашите центри го контролираа рекетот. Карлик се пробиваше и го привлекуваше вниманието на одбраната а потоа брилијантно ме пронаоѓаше“ – рече црномурестиот играч. „Тоа е големо ривалство, го вади најдоброто од сите. Со или без Евролигата имам уште една година од договорот и затоа сум тука“ – рече кошаркарот на Партизан.

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Ливерпул, Вирџил Ван Дајк ја коментираше ситуацијата со бекот, Трент Александер-Арнолд, кој вчера на мечот со Лестер влезе како замена и им донесе победа на „црвените“. Познато е дека договорот на 26-годишниот дефанзивец ќе истече на  крајот од сезоната и тој ќе го напушти клубот како слободен играч.  Според одредени најави, Арнолд ќе замине во Реал Мадрид. „Секој има мислење за тоа што се случува. Има многу врева околу него и некои би можеле да речат дека тоа е негова вина но, тоа е дел од животот” – изјави Ван Дајк.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, не крие дека е задоволен од победата на гостувањето кај Лестер со која е направен значаен чекор  кон освојување на титулата во Премиер-конкуренцијата. „Доминиравме на целиот натпревар иако противникот имаше добри моменти. Тие се обидува да играат квалитетен фудбал а ние пропуштивме многу шанси“ – рече Слот и се насочи кон стрелецот, Трент Александер-Арнолд, кој влезе од клупата. „Секој тренер во светот би му дозволил на Трент да игра. Тој работеше многу напорно во изминатите пет и половина недели за да се врати на теренот“ – рече Слот.

Read More