Игор Стефановски Иџе трката во Австрија од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја заврши на подиум.
„Трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер во Австрија, во конкуренција со над 250 натпреварувачи од цела Европа. Успеавме да се искачиме на подиум во исклучително моќна конкуренција. Благодарен сум на целиот тим и особено на тимот на Ферари, кои го направија мојот автомобил перфектен за оваа трка“ – рече Стефановски.

Стефановски и годинава се трка со Ферари 488 B8. Годинава има 11 трки, од кои две се завршени.Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот и на оваа неверојатна трка.
