Јуки Цунода ја презеде одговорноста за инцидентот на крајот од вчерашниот слободен тренинг пред Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда.
Јапонецот преагресивно го нападна врвот од последниот свиок и удри во заштитната ограда од внатрешната страна по што продолжи во бетонскиот ѕид.
„Само се завртев премногу и го допрев внатрешниот ѕид и тоа ми го оштети автомобилот. Потоа изгубив контрола. Му се извинувам на тимот, тоа беше моја грешка“ – рече Цунода.

