Author: dino

NBA

Генералниот менаџер на Шарлот, Џеф Петерсон, верува во неограничениот потенцијал на  ЛаMело Бол. „Го видовме на Ол-стар натпреварот. Неодамна му кажав дека имав среќа да работам со големи играчи, но, тој е уникатен и прави работи што другите не можат да ги направат“ – рече Петерсон. „Тој е неверојатен борец. Верувам дека ќе се опорави и здрав ќе ја започне наредната сезона“ – додаде Петерсон.

Read More

Ракометната федерација во своите простории ја одржа ждрепката за групната фаза во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот Алкалоид имаше среќа да налета на второлигаш и тоа неговиот втор тим Мулти Есенс. Вардар од фаворитите доби најтешка задача бидејќи ќе игра полуфинале со Бутел, пелистерци ќе се судрат со Куманово а Охрид ќе оди на мегдан со Прилеп. Група 1Алкалоид – Мулти ЕсенсПартизан 2016 – Пролет 62 Група 2Еурофарм Пелистер – КумановоРадовиш – Струга Група 3Вардар 1961 – Бутел СкопјеФруит Ленд Борец – Еурофарм Пелистер 2 Група 4Прилеп – ГРК ОхридТиквеш – Аеродром  Во групната фаза ќе се одиграат две полуфиналиња а потоа преку…

Read More

Нашиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе, кој со победа на трката во Франција ја започна новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, вели дека условите на патеката биле крајно лоши. „Ова е една од најтешки трки која сум ја возел. Врнежливото време и маглата создаваат невозможни услови за возење. Во мојата група сум прв, но не можам да се радувам, затоа што моите најголеми конкуренти имаат стравотни излетувања и ги искршија своите возила“ – вели Иџе. „И јас имав мало излетување но, за среќа не го оштетив возилото многу. По моето возење организаторот одлучи да ја прекине трката, поради…

Read More

Нико Хулкенберг синоќа беше дисквалификуван од трката за ГН на Бахреин поради прекумерно абење на подот на неговиот болид. Интересно, тој е четвртиот возач кој е дисквалификуван на само три трки. Од истата причина и 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон беше елиминиран од поредокот во Кина. Хулкенберг во Бахреин заврши 13-ти а техничкиот преглед по трката откри дека долната плоча на неговиот болид е дебела 8,4 милиметри или помалку од предвидените девет.

Read More

Олимпискиот вице-шампион, Миколас Алекна, го подобри сопствениот светски рекорд во фрлање диск на митингот во Оклахома, САД. 22-годишниот атлетичар постигна 75,56 метри и стана прв во историјата што ја поминал границата од 75 метри. Тој во 2024 година на истиот турнир го постави светскиот рекорд фрлајќи го дискот 74,35 метри. Литванецот има сребрен медал од Олимпијадата во Париз.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, верува во успех на денешнит меч со Емполи во рамките на Серија „А“. „Секој меч до крајот на сезоната може да биде опасен. Секој тим има цел која мора да ја постигне, без разлика дали е тоа борба за опстанок, учество на европски турнири или Скудето“ – вели Конте. „Секогаш е потешко во вториот дел од сезоната. Ние сме големиот конкурент на Интер и ќе се обидеме да го ставиме под притисок“ – вели Конте.

Read More

Градското дерби на „Олимпико“ меѓу фудбалерите на Лацио и Рома заврши нерешено 1:1 а тренерот на лацијалите, Марко Барони, вели дека неговиот состав заслужил да победи. „Рома не стави под притисок кога поведовме но, не создаде многу шанси. Штета што не победивме. Можеби ни недостигаше малку среќа да дојдеме до заслужена победа” – изјави Барони. „Мислам дека не попречи заморот од гостувањето во Норвешка. Навивачите беа неверојатни. Нашиот тим е млад и се развива. Играме добар фудбал“ – вели тренерот на Лацио.

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не крие дека е крајно разочаран по тешкиот пораз на вчерашното гостување кај Њукасл во меч од Премиер лигата на Англија.   „Речиси сите голови беа резултат на нашите грешки. Разочаран сум од моите соиграчи само затоа што знам колку е тешко да се претставува овој клуб“ – рече Португалецот. „Црвените ѓаволи“  в четврток ги очекува реваншот со Лион во четвртфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар во Франција заврши 2:2.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, го изостави од списокот голманот, Андре Онана, на вчерашниот меч против Њукасл. Чуварот на мрежата направи клучни грешки на мечот против Лион во Лига Европа и Аморим не можеше да прејде преку тоа. Португалскиот стратег планира да обезбеди нов играч на гол-линијата а во опција се Жоан Гарсија од Еспањол и Алекс Ремиро од Реал Сосиедад.

Read More
NBA

Кошаркарот на Сан Антонио, Крис Пол, го надмина достигнувањето на Џон Стоктон откако ги започна сите 82 натпревари во неговата 19-та и воедно последна сезона во НБА лигата. Пол кој во месец мај ќе наполни 40 години,  стана еден од тројцата играчи кои се појавиле на сите мечеви во регуларниот дел во една сезона на негова возраст. Стоктон го направи тоа со 39 и 40 години а Мајкл Џордан ги одигра сите 82 натпревари во неговата последна сезона на 39-годишна возраст.

Read More